Vrabotuvanje.com - Асистент во оддел финансии и сметководство - Скопје - АПАВЕ СЕЕ ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Асистент во оддел финансии и сметководство

Скопје

Application deadline:

  • АПАВЕ СЕЕ ДООЕЛ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Асистент во оддел финансии и сметководство (2)

АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и Испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas/Energy). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.

АПАВЕ СЕЕ има потреба од Асистент во финансии и сметководство (2 работни позиции) коj ќе се придружи на нашиот тим со следниве клучни задачи и одговорности:

Асистентот ќе биде одговорен за административна поддршка на тимот за финансии и сметководство во фактурирање и плаќање на добавувачите.

Работни обврски:

  • Асистентот е одговорен за прецизно внесување на фактурите на добавувачите во сметководствениот систем на компанијата;
  • Асистентот е одговорен за примените фактури и доделување на соодветна трошковна единица за секоја фактура;
  • Одговорен е за прецизно и точно внесување податоци на фактурите за добавувачи;
  • Одговорен е за навремено менаџирање (регулирање) на барањата од добавувачи и внатрешните обврски:
  • Одговорен е за водење на евиденција за фактурите и документација на добавувачите за ревизорски цели;
  • По потреба дава поддршка во активностите за процесот на сметководствено затворање на месецот;

Потребни квалификации и вештини:

  • Високо образование
  • Претходно работно искуство во сметководство најмалку 2 години
  • Претходно искуство со работа во софтвер Microsoft Dynamics 365;
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан),
  • Задолжително познавање на компјутери (MS Office: Word, Excel)
  • Ориентираност кон детали и точност и прецизност во внесување на податоците;
  • Клучни компетенции: комуникација, планирање и организирање, управување со времето и рокови;


Работни услови:

  • Локација на работното место општина Карпош
  • Обезбеден паркинг простор
  • Можности за професионален и личен развој (обуки за професионален развој, активности за јакнење на тимот)
  • Работно време од 06.00-14.00 или 08.00-16.00

Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија преку Брзата Апликација.
 

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на АПАВЕ СЕЕ.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more