Бараме:
Возачи со Б категорија за поголеми комбиња во Германија
Што бараме:
- Минимум 5 години возачка дозвола за Б категорија
- Силен и физички подготвен за подигнување пратки/пакети (сам или со колега) за достава и пренос на пратки до клиентите (со веќе направен план за испорака до адресата на клиентот)
- Искуство со возење на поголеми комбиња
- Познавање на германски јазик е пожелно за полесна комуникација.
Што нудиме:
- 2320 евра бруто плата (околу 85 евра нето дневница) за пет работни денови.
- Работни денови: од понеделник до петок, со можност за работа во сабота
- 20 дена годишен одмор (после 6 месеци работа)
- Не се одобрува одмор во јули, ноември, декември и месецот пред Велигден поради обемна работа со пратки
- Бесплатно сместување во стан со своја соба за првиот месец.
- По првиот месец – можност за останување во истиот стан со кирија 400 евра со вклучени сметки.
- По третиот месец – можност за средување на документи за визи за семејството и опција за сопствен стан.
Дополнителна поддршка:
- Компанијата помага со регистрација на адреси, отворање банкарски сметки, промена на возачка дозвола, здравствено осигурување како и трансфер од аеродромот во Дортмунд
- Локација: Хомберг Ефце, Германија
- Возило: Спринтер
- Задачи: Испорака на големи пакети (софи, мебел) - работат две лица заедно, пратките се до 30 кг.
Амазон – Возач на габаритни возила:
- Локација: Хомберг Ефце, Германија
- Возило: „Amazon Heavy Bulky“, Спринтер со куфер, електричен качувач на скали
- Задачи: Испорака на големи пакувања (мебел, машина за перење, машина за сушење, мали фрижидери)