Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
Еуротабак има потреба од Комерцијалист/ка за реон Гевгелија/Струмица
Локација: Реон Гевгелија/Струмица
Оддел: Продажба
Рок за пријавување: 06.12.2024
Позиција: 1
Цел на работното место:
Одговара за остварување на конкретни продажни резултати, за обезбедување на присутност и достапност на асортиманот, на брендовите и артиклите на компанијата на продажно место со цел да придонесе за зголемување на продажбата и реализација на поставените таргети.
Услови за работа:
- Редовна месечна плата;
- Полно работно време- 40 часа;
- Работа на определено време;
- Пријатна работна атмосфера;
- Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
Потребни квалификации:
- Средно или високо образование;
- Возачка дозвола, Б категорија;
- Најмалку 1 година искуство во продажба;
- Комуникациски вештини;
- Познавање на англиски јазик;
- Искуство во работење со канцелариска опрема;
- Општо познавање на модерната комуникациска технологија;
- Способност за управување со патничко возило;
Работни задачи:
- Планирање и организирање на продажни активности;
- Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата;
- Развивање и одржување на односите со клиентите;
- Прием на нарачки и наплата;
- Изработка на потребна документација;
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 06.12.2024