Vrabotuvanje.com - Кафе амбасадор - Скопје - ПИВАРА СКОПЈЕ АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

Кафе амбасадор

Скопје

Application deadline:

  • ПИВАРА СКОПЈЕ АД

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

КАФЕ АМБАСАДОР

ШТО НУДИМЕ: 

  • Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
  • Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
  • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • 24/7 осигурување од незгода
  • Флексибилност во организирање на работното време
  • Хибриден модел на работа кој овозможува работа од дома
  • Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  • Ширење на кафе културата и вредностите на кафето на пазарот во Македонија
  • Соработка со унапредувачите на пазар за мапирање на пазарот и проширување на можностите за продажба на кафе
  • Презентација на кафе портфолиото пред потенцијалните клиенти, вклучувајќи професионална подготовка на кафе и процедури за баристи, како и познавање на опремата за кафе, поставување и прилагодување на истата, обука на сите засегнати страни на клиентите
  • Ефективна продажба и преговори со клиенти (проширување на портфолиото, дистрибуција, склучување договори)
  • Градење и одржување на односи со деловни партнери
  • Исполнување на поставените KPI
  • Управување со буџетот и мерење на задоволството на клиентите

ШТО БАРАМЕ

  • Страст за кафе и кафе култура
  • 2 години искуство во продажба (кафе, жестоки пијалоци, чај) во областа HoReCa
  • Искуство со развој на нова категорија за клиенти
  • Искуство во преговарање деловни услови
  • Одлични презентациски вештини и ефективно градење односи со клиентите
  • Многу добро познавање на регионот
  • Активен возач

 

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 13.11.2024г.

 

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Договорот за вработување е на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Marketing, PR and Media amounts to 28.527 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more