Vrabotuvanje.com - Финансиски контролор - Скопје - ХТЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Финансиски контролор

Скопје

Application deadline:

  • ХТЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

ХТЛ Македонија ДООЕЛ  Скопје е компанија основана 2008 година и е дел од големата  интернационална групација Новоматик АД од Австрија која е лидер на пазарот за игри на среќа и забавните игри со подружници во повеќе од 50 земји во светот.

Дали сте подготвени за нов предизвик во областа на финансискиот менаџмент? Ако имате искуство и амбиција за усовршување, тогаш оваа можност е за Вас!

ХТЛ Македонија има потреба од:

Финансиски контролор

 

Работни обврски:

  • Активно учество во подобрување на системите за буџетирање и внатрешно известување за одделните компании и за групацијата во соработка со финансиските раководители за зголемена ефикасност и организација;
  • Комуникација и соработка со групацијата за имплементација на процесите и методологиите во согласност со правилата на групацијата;
  • Подготовка на месечни, квартални и годишни извештаи за управување;
  • Учество во процесот на буџетирање и анализа на отстапување од буџетот со цел подобрување на ефикасноста и мониторинг на трошоците;
  • Aнализа на варијансите  и толкување на резултатите, односно клучните деловни индикатори (KPI);
  • Контрола на соодветно книжење на трансакциите и следење на трошоците на месечно ниво;
  • Изготвување на редовни и вонредни извештаи за раководството;
  • Учествување во изработка на вонредни буџети и долгорочни бизнис планови;
  • Спроведување на редовни контроли за финансиска усогласеност и одржување на висок стандард;
  • Поддршка и континуирано подобрување на сметководството за финансиски менаџмент.

Профил на кандидат:

  • Високо образование во економија и финансии;
  • Минимум 5 години искуство во финансиска дејност и напредно познавање на MS Office (посебно Excel и PowerPoint);
  • Одлично познавање на сметководствени регулативи и стандарди (МСФИ);
  • Напредно познавање на англиски јазик;
  • Подготвеност за брза адаптација, тимска работа и професионален развој;
  • Високи етички стандарди и одлични организациски вештини.

Ве молиме Вашето CV и мотивациско писмо да ги испратите преку полето Брза Апликација

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more