CNC ОПЕРАТОР
(глодалка/струг)
СВАРОГ ДООЕЛ Прилеп е во потрага по мотивирани и одговорни кандидати за позицијата CNC оператор за полно работно време. Се нудат можности и за кандидати со претходно работно искуство, како и за почетници кои сакаат да започнат кариера во оваа област. Како CNC оператор, ќе бидете одговорни за работа со CNC машини, поставување на параметри и осигурување на прецизноста на изработените делови.
Две работни позиции.
Основни одговорности и задачи:
За сите кандидати:
- Поставување и конфигурирање на CNC машини според техничките спецификации
- Програмска работа и контрола на CNC машините за изработка на делови
- Самостојна припрема на резен алат, стегачки тела или направи и позиционирање на координативниот почеток на парчето
- Мерење на димензиите и проверка на прецизноста и квалитетот на готовите делови со помош на мерни инструменти и по потреба нивна доработка
- Надгледување на работата на машините, тековно сервисирање, чистење и водење детална евиденција за извршени сервисни поправки
- Запазување на стандардите од спецификациите за работа и преземање на безбедносни мерки при работата
- Вршење на сродни задачи на други машини и рачни алати
- Други помошни работи во производната хала
- Желба за континуиран развој, учење и стекнување на нови знаења
За кандидати со искуство:
- Самостојно решавање на технички проблеми и подесување на машини
- Обука на помладите оператори и помош во развојот на нови процеси
- Напредни познавања на програмски јазици за CNC и опрема
За кандидати без искуство:
- Обука на работното место од страна на искусни оператори
- Основно разберување на технички цртежи и спецификации
- Способност за брзо учење и приспособување на нови технологии и алати
Квалификации и компетенции:
За сите кандидати:
- Минимум ССС
- Добри вештини за решавање на проблеми и внимание на детали
- Подготвеност да се обучувате и развивате во улогата на CNC оператор
- Со или без работно искуство
Како предност ќе се смета:
- Работно искуство во дејноста
- ВСС – машински или електро инженер, ССС-машински техничар, машино-бравар или сродни технички струки
- Познавање на странски јазик
Лични карактеристики:
- Одговорност и посветеност на работа
- Стабилна и лојална личност
- Способност за тимска работа и самостојна работа
Ќе биде направена претходна селекција согласно квалификациите и компетенциите заради определување на нивото на познавања:
- Почетник (почетно ниво)
- Квалификуван работник (средно ниво)
- Техничар (високо ниво)
Што нудиме?
- Атрактивна нето плата и можност за награди за посветено извршување на работните задачи, определена согласно селекцијата за квалификациите и компетенциите
- Обука и менторство за кандидати без работно искуство
- Можност за годишен бонус за работна успешност
- Додатоци и надоместоци на плата во случаи на прекувремена работа, регулиран годишен одмор и сите стандардни права согласно законската регулатива
- Обезбеден топол оброк
- Работа во прва смена
- Одлични услови за работа во креативна средина
- Амбициозен тим со солидно искуство во разновидни технички решенија
- Можност за напредување од личен и од технички аспект
Отворените работни позиции се за во Прилеп.
Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмопреку Брзата Апликација, или јавете се на еден од следните телефони: 071/645-880 и 072/592-392. Со аплицирање, се согласувате вашите информации да се чуваат во нашата база на кандидати во рок од 12 месеци.