Vrabotuvanje.com - Офицер за сметководство - Скопје - ЕОЅ Матрих
Share
Tweet
Share
Send to friend

Офицер за сметководство

Скопје

Application deadline:

  • ЕОЅ Матрих

Офицер за сметководство

бул. Илинден бр. 109 локал 6

EOS Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОS групацијата - водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и  наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна  атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.    

Опис на работни задачи

  • Обработка/изработка на влезно-излезни фактури и нивно книжење;  
  • Благајничко работење; 
  • Подготовка, пресметка и книжење на патни налози; 
  • Книжење на денарски и девизни изводи; 
  • Евиденција и водење на регистар наОС; 
  • Правење преглед на обврски и налози за плаќање во е-банк; 
  • Девизно работење (приливи – одливи) 
  • Известување до НБРМ – (НД 1,2,3,ВС22, КИПО); 
  • Пресметка на МДБ и ДДВ; 
  • Подготовка на барања за потврди за платен данок на задршка (УЈП); 
  • Подготовка на барања за ослободување/олеснување при плаќање данок на задршка (УЈП); 
  • Подготовка на барања за потврди за резидентност (УЈП); 
  • Изготвување на ДД-И; 
  • Соработка со годишна ревизија

 

Потребни квалификации

  • Познавање и работа во PANTHEON 
  • ССС (ВСС ќе се смета за предност); 
  • Најмалку 3 годишно работно искуство во областа на финансиите и сметководството  
  • Познавање на компјутери и софтверски апликации (MS Office 365 - особено Excell & Word); 
  • Познавање на англиски јазик 
  • Поседување на лиценца за Сметководител / Овластен сметководител ќе се смета за предност; 
  • Способност за тимска работа 
  • Способност за работа со зададени рокови 

 
    Работни денови: од понеделник – петок 
    Работни часови неделно: 40  
    Работно време: од 08 – 16 часот 

 

Успешни заедно

Ве повикуваме да аплицирате преку Брзата Апликација со доставувањe на Ваша биографиjа* најдоцна до 17.11.2024 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.

Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – нeзависно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.

Бенефиции

  •  Компетитивна плата и бенефиции 
  • Работа во интернационална компанија
  • Можности за хоризонтален и вертикален  развој
  • IT опрема
  • Тим билдинг активности
  • Обуки и план за професионален развој

Контакт податоци

jobs@eos-matrix.mk
+389 2 3200 400

 

 

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more