ФМС дооел - Скопје, вертикално интегрирана компанија во делот на недвижнини која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги и официјален преставник за LG
комерцијална климатизација, има потреба за проширување на својот тим во делот на изведба на машински инсталации поврзани со системите за климатизација и вентилација:
МОНТЕР/СЕРВИСЕР НА УРЕДИ ЗА ГРЕЕЊЕ, ЛАДЕЊЕ И ВЕНТИЛАЦИЈА
Потребни квалификации:
- Средно стручно образование,
- Соодветни технички познавања од областа;
- Практично познавање на HVAC системи за деловни и индустриски објекти;
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
- Возачка дозвола Б категорија.
Опис на работата:
- Изведба (монтажа) и сервисирање на VRV системи;
- Монтажа на сплит системи;
- Монтажа исервис на топлински пумпи – претходно обезбедуваме соодветна обука;
- Редовно одржување и проверка на сплит системи, следење, дијагностицирање и отстранување на настанатите дефекти;
- Евиденција за извршените поправки и потрошениот материјал и достава на извештаи до претпоставен;
- Спецификација на потребен материјал за набавка
Дополнителни критериуми:
- Обврска за придржување кон безбедносните прописи и прописите поврзани со заштита при работа
- Сериозен пристап кон зададените задачи;
- Подготвеност за работа под притисок и кратки рокови;
- Лојалност, доверливост, чесност , професионалност, ефикасност и флексибилност
Што нудиме:
- Мотивирачка атмосфера и плата по договор
- Полно работно време од пон-пет 07:30-15:30
- Колективно осигурување однесреќа
- Платени дополнителни часови прекувремено
- Платен годишенодмор
- Можност за напредување во кариера
- Избор на рачен алат по желба
(CV) и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на апликацијата МОНТЕР/СЕРВИСЕР НА УРЕДИ ЗА ГРЕЕЊЕ, ЛАДЕЊЕ И
ВЕНТИЛАЦИЈА.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.