Vrabotuvanje.com - Комерцијалист за продажба на инсталациони системи за греење, ладење и водовод - Скопје - САНМАРТИ ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Комерцијалист за продажба на инсталациони системи за греење, ладење и водовод

Скопје

Application deadline:

  • САНМАРТИ ДОО

Во своето долгогодишно постоење претпријатието САНМАРТИ создаде имиџ на препознатливост на пазарот, во што најдоминантни се инсистирањето на врвен квалитет и држењето чекор со модерниот дизајн и најновите достигнувања во сегментот завршни градежни материјали и опрема. Посебен акцент е ставен на материјалите и опремата за бањи, водоводните инсталации и системите за греење.

Палетата производи во големопродажба и малопродажба е навистина голема, за кои имаме воспоставено генерални застапства со шест реномирани компании, како и дистрибутерски однос со повеќе од 25 компании кои имаат значајна улога на светскиот пазар. Генерален увозник за Македонија на производите на Kolpa San-Slovenija, Herz-Slovenija, Rehau-Avstrija, Cisa-Turcija, Qvit-Turcija, Henkel-Srbija.

За потребите на Санмарти, отворена е работна позиција за

КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА НА ИНСТАЛАЦИОНИ СИСТЕМИ ЗА ГРЕЕЊЕ, ЛАДЕЊЕ И ВОДОВОД

Работни задачи

  • Посета на постоечки и нови клиенти, како и комерцијална и техничка поддршка на постојните клиенти
  • Одговарање на барања од клиенти; преговарање за цени и време на испорака; исполнување на нарачки
  • Развој на долгорочни планови за продажба
  • Подготовка и имплементација на настани со клиентите
  • Учество на саеми и едукативни работилници, релевантни за конкретниот сектор
  • Интензивно следење на конкуренцијата и одредување конкурентни продажни цени
  • Работа на проекти и следење, релевантно за секторот
  • Тековно истражување на пазарот и анализа на барањата
  • Општи внатрешни и надворешни административни задачи

Вашиот профил

  • Завршено високо образование- Економски или Машински Факултет
  • Работно искуство во продажба
  • Способност за тимска работа
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач)

Предности при избор на кандидатот

  • Искуство во продажба
  • Техничко познавање на системи за водовод и греење
  • Комуникациски и преговарачки вештини
  • Познавање на странски јазик

Работни услови (што нудиме)

  • Атрактивна плата по договор
  • Службено возило
  • Службен телефон
  • Службен компјутер


​Вашите пријави можете да ги испратите електронски преку полето "Брза Апликација".

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more