Vrabotuvanje.com - Референт во Служба Човечки Ресурси - Скопје - ГЕИНГ ДОО Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

Референт во Служба Човечки Ресурси

Скопје

Application deadline:

  • ГЕИНГ ДОО Скопје

 
 
Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ ДОО Скопје има потреба од вработување на:
 
Oглас за работна позиција: Референт во Служба Човечки Ресурси
 

Минимум потребни квалификации:
  • Образование: ВСС Правен факултет
  • Работно искуство во областа на Човечки Ресурси ке се земе во предвид
  • Познавање на позитивна законска регулатива, (Деловно право, Трговско право, Трудово право)
  • Познавање на Англиски јазик
  • Познавање и работа со MS Office
  • Возачка дозвола - Б категорија
  • Способност за тимска работа, комуникативност,одговорност,трпеливост и прецизност во извршувње на работните задачи

Опис на работни задачи:

  • Дава стручни појаснувања и мислења за примена и усогласеност со позитивната легислатива, изготвува анализи, информации и други материјали.
  • Изготвување на документи за вработени (договори, решенија, потврди и сл.)
  • Пријава и одјава на вработени
  • Водење на персонални досие за вработени
  • Изготвување на огласи за вработување, интервјуирање и селекција на кандидати.
  • Изготвува акти за уредување на односи, состојби и прашања со кои правното лице стапува во правниот промет.
  • Изготвува и толкува Договори за (тендери, вработени, надворешни соработници..)
  • По потреба проучува и прави стручна соработка на судските и други предмети, учествува на рочишта, комуницира со нотари, извршители,
  • Изготвување и ажурирање на правилници за работа во компанијата
  • Следење на промените во соодветните закони
  • Изработка на плата

Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:

  • Преку Брзата Апликација.
  • По пошта на адреса: ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје, најдоцна до 30.11.2024 година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Human Resources amounts to 36.801 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more