Vrabotuvanje.com - Возач - Струмица - Струмица - МАКПЕТРОЛ АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Возач - Струмица

Струмица

Application deadline:

  • МАКПЕТРОЛ АД

О Г Л А С

За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци со можност за продолжување, на работно место возач во Струмица – работна единица во Дирекцијата за големопродажба.

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
  • Завршено средно образование;
  • Работно искуство од најмалку 1 (една) година;
  • Возачка дозвола Ц категорија.
  • Работното време за горенаведеното работно место, се одвива од 07:00 часот до 15:00 часот.
  • Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
  • Висината на основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 29.500 денари.
  • Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно законските и подзаконските одредби.
 

Заинтересираните кандидати треба да достават:

Писмо за мотивација;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија (доколку поседува);
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција.


Потребните документи да се достават на адреса:

„Макпетрол“ А.Д. - Скопје

Сектор за човечки ресурси
 ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје

лица за контакт:
Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

 

„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. - СКОПЈЕ

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more