Vrabotuvanje.com - Помлади оператори во производство - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Share
Tweet
Share
Send to friend

Помлади оператори во производство

Скопје

Application deadline:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

 

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на


Помлади оператори во производство ​
 

Одговорен за следење и контрола на правилната и точната работа на процесната опрема, како и помагање во водење на технолошкиот процес на подготовка на суровинско брашно, процес на добивање готов производ, пакување и палетизирање на цемент и усјемал во склад со процедурите за работа. За време на застои и заглавување учествува во отстранувањето на дефектите, одглавувањето, и расчистувањето на Погонот. Работното време се одвива во три смени. Основната нето плата за работното место изнесува од 35.000, додека платата се зголемува со додатоците за сменско работење и прекувремена работа. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење.
 
Kвалификации на кандидатите:
  • CCC/IV степен стручна подготовка
  • Претходно работно искуство од 1 година ќе се смета за предност 

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 
1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование


Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална определеност, религија или убедување.


Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk во делот Кариера/Придружете ни се или на меил hr@usje.mk  или да достават CV во архива во просториите на Цементарница УСЈЕ.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју
Apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more