Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Сметководител

Скопје

Application deadline:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

 

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН ВРАБОТУВА


​СМЕТКОВОДИТЕЛИ
 
Придружете се на нашиот тим во Цементарница УСЈЕ, водечкa компанија во цементната индустрија посветена на извонредност во производството и одржливоста. Фокусирани сме на содзавање производи со висок квалитет, при што го минимизираме нашето влијание врз животната средина. Заради проширување на нашите активности, бараме сметководители да се приклучат на нашиот динамичен тим.
 
За позицијата:
Сметководителот извршува работни задачи во Службата за сметководство, со следните одговорности:
  • Книжење и проверка на влезни и излезни фактури за добра и услуги, книжни одобренија, задолженија, рабати и попусти, банкарски изводи, исплати по различни основи на вработени и надворешни физички лица, трансакции поврзани со основни средства, и сите други трансакции кои произлегуваат од специфичноста на работењето на компанијата;
  • Следење на побарувања од купувачи и неплатените обврски спрема добавувачите (домашни и странски) и усогласување на состојбите;
  • Книжење на даноци
  • Анализа на трошоци, и други анализи на барање на претпоставениот
  • Работа во оперативен систем - САП

Вештитни и квалификации:

  • Високо образование VII степен, Економски факултет
  • Лиценца за овластен сметководител
  • Со најмалку три години работно искуство во вршење на сметководствени работи
  • Познавaње на законската регулатива особено на даночната
  • Познавање на сметководствени стандарди применливи во Р.С.Македонија
  • Познавање на работа SAP систем ќе се смета за предност
  • Познавање на англиски јазик

Доплонителни карактеристики:

  • Аналитички способности, прецизност во работењето
  • Организациски способности
  • Одлични комуникациски способности
  • Тимско работењето и кооперативност
  • Флексибилност и адаптибилност 

Што нудиме:

  • Атрактивен пакет за наградување и бенефиции, вклучувајќи:
  • Стимулации и бонуси
  • Бенефиции за благосостојба:приватно здравствено осигурување, бесплатни спортски активности, бесплатен оброк, бесплатни правни и финансиски консултации
  • Максимален износ на регрес за годишен одмор
  • Родителски и семејни бенефиции
  • Можности за развој на кариера и обука
  • Позитивна работна средина. 

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование


Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална определеност, религија или убедување.


Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk во делот Кариера/Придружете ни се или на меил hr@usje.mk  или да достават CV во архива во просториите на Цементарница УСЈЕ.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more