Компанија: Машиноекспорт Доо Скопје
За компанијата: Машиноекспорт е специјализирана компанија за производство на машински резервни делови и цели машини за индустријата. Успешно веќе 30 години се пласираме на пазарот со широк спектар на производи како што се запчаници, ланчаници, вратила, назабени вратила, осовини, спојки, редуктори, ременици и други видови на делови по техничка документација, исто нудиме и услуги како заварување и брусење.
Локација: Александар Македонски број 9 локал 55
Оператор на CNC струг,CNC глодалка и универзални машини
Работни задачи:
- Операција и управување со CNC струг, CNC глодалка и универзални машини
- Следење на технички цртежи и спецификации
- Подесување на машини и алати за извршување на работни задачи
- Извршување на редовни инспекции за точност и прецизност
- Редовно чистење и одржување на опремата и работниот простор
Квалификации:
- Средна стручна подготовка во област на машинство или Високо образование (предност)
- Претходно работно искуство на CNC машина - предност
- Управување и ракување со машини, алати и опрема
- Познавање на технички цртежи и контрола на мерење
- Работа во тим, како и самостојно
Понуда:
- Редовна и стабилна работа
- Конкурентна плата
Како да аплицирате:
Сите заинтересирани кандидати со и без работно искуство имаат можност да аплицираат
Испратете ја Вашата биографија (CV) на е-mail адресата masinoeksport@gmail.com или преку овој оглас