Vrabotuvanje.com - Пикер (спремач на роба) - Скопје - КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Пикер (спремач на роба)

Скопје

Application deadline:

  • КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ

 

КОЛИД С Тим
Водечка компанија од областа на увоз и дистрибуција на производи за широка потрошувачка, која во своето портфолио застапува над 42 реномирани брендови, меѓу кои SUNDAY, KRASH, BARILLA, MUTTI, WUDY, DUEL, PIVAC, POLIMARК, RICE UP, ABC, YUHOR, CALVO, COSTA D’ORO, RIBELLA, HELLENA, со три дистрибутивни складишта низ земјата, сопствено производство и над 350 вработени
 
Има потреба од вработување на работно место:
 
Пикер (спремач на роба) 
(за Централен магацин во Скопје)
 

Работни задачи:
  • Манипулира со стоката во магацинот во согласност со поставениот план,  процесите и по налог на претпоставениот;
  • Обезбедува добри услови за складирање согласно утврдените стандарди
  • Се грижи за безбедноста на производите, за нивно оштетување од било кој вид и за секоја настаната промена го известува Претпоставениот
  • Врши  припрема на роба согласно доставените нарачки за излез од магацин;
  • Одговорен е за навремено и точно спремање на робата согласно доставените нарачки
  • По налог на Претпсотавен проверува рок на важност на производите
  • Учествува во правење на пописи во магацинот, по налог на Претпоставен
  • Се грижи и ги чува основните средства кои му се доверени на користење 
  • Води грижа за безбедна и чиста работна средина, полици, палети и сл.
  • По налог на Претпоставен може да извршува и други работни задачи неопходни за непречен тек на работниот процес, согласно неговите квалификации. 
 
Потребни квалификации и вештини:
  • Завршено средно образование
  • Професионално однесување
  • Организираност, следење на стандарди и упатства за работа 
  • Динамичност, проактивност и насоченост кон остварување на резултати
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност. 
 
Колид С Тим ви нуди:
  • Работен ангажман на полно работно време
  • Договор на определено време со можност за продолжување на неопределено време, согласно успешно завршување на работните задачи
  • Можност за личен и професионален развој, согласно покажаните резултати
  • Пакет производи за празници
  • Исплата на регрес за годишен одмор
 
*Предвиденото работно време за оваа позиција е од понеделник до петок (во I и II смена)
 
Вашата професионална биографија (CV) можете да ја испратите преку полето „Брза Апликација“ со назнака во Subject:  Апликација за Пикер, најдоцна до 25.11.2024 год.
 
Напомена:  Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции, од страна на Секторот за човечки ресурси.
Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата. Доколку не е согласен компанијата да ја зачува апликацијата, тоа треба да го наведе во меилот. 
 
Ги очекуваме сите кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови и кои сакаат да учат, да се развиваат и да напредуваат во успешна компанија, да ги испратат своите апликации, бидејќи Колид С Тим нуди неограничени можности за сите неограничени иновативни идеи насочени кон резултати. 
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more