Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, има потреба од:
ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО
Поради проширување и надградување на нашиот тим, потребни ни се оператори во производство кои би работеле на следните позиции:
- CNC ОПЕРАТОР: Врши машинска обработка на метални делови со помош на CNC машина - предност имаат кандидатите со познавање на технички цртежи и искуство со CNC машина.
- МОНТЕР – Врши склопување и монтажа на делови согласно монтажна шема - предност имаат кандидатите со искуство со работа на монтирање делови со помош на рачни или автоматизирани алатки за стегање и навртување.
- БОЈАДИСУВАЧ/ФАРБАР: Врши фарбање на метални делови со помош на рачен пиштол за фарбање, како и подготовка на делови за фарбање – предност имаат кандидати со искуство во фарбање.
За секој вработен е овозможена менторска обука при почетокот со работа. Од кандидатите се очекува навременост, точност и желба за работа. Работата се одвива во две или три смени, зависно од одделот.
Нудиме:
- Компетитивни редовни месечни примања во зависност од знаењата и искуството
- Обезбеден оброк за вработените со избор од понудено мени
- Редовно покачување на платата
- Платени сите задолжителни додатоци и надоместоци според закон (прекувремена, сменска, ноќна работа, 13-та плата и др.)
- К-15 во износ од 30.000 денари
- Бонус за препорака на вработен
- Ваучери за Нова Година, 8ми Март, новогодишни пакетчиња
- Oбуки, бонус програми и можност за личен професионален развој
- Програма за купување со попуст и на рати во одредени компании
- Учество на бројни спортски настани и Тим Билдинг активности
- Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина
- Пријатна и безбедна работна средина