Телеком Србија Група е лидер во областа на телекомуникациите и како таква овозможува широк спектар на услуги на фиксна телефонија,мобилна,телевизиска и интернет комуникација со над 11 милиони претплатници на 4 регионални пазари: Србија,Босна и Херцеговина,Црна Гора и Македонија.
Нашите корпоративни вредности се задоволни корисници, тим, одговорности, промени и резултат.
За чекор пред другите сакаме да бидеме прв избор на корисникот во светот на дигиталните услуги.
Доколку и ти сакаш да бидеш чекор пред другите и да станеш дел од нашиот успешен тим, те повикуваме да се пријавиш за следната позиција:
Референт за побарувања (Accounts Receivable)
Твоите одговорности се:
- Пресметување, евидентирање, внесување и обработка на финансиски податоци
- Подготовка на фактури на клиентите врз основа на сметководствени процедури
- Истражување на несогласувања во фактурите за да се утврди точноста на трошоците
- Усогласување на плаќањата со броеви на фактури или наплата на сметки
- Управување со барањата на клиентите во врска со проблемите со наплатата
- Управување со книга за побарувања и датотеки за побарувања
- Доставување дневни, неделни и месечни извештаи до раководството за работењето на побарувањата
Ние ти нудиме:
- Динамично опкружување и позитивна работна атмосфера
- Стекнување на дополнителни вештини за работа
- Можност за кариерен развој
Она што е потребно за добар почеток е:
- Минимум 240 кредити на стручна подготовка (економски факултет)
- Уверение за сметководител
- Изградени вештини за организирање и комуникација
- Ефективна организација на работното време, навремено исполнување на зададените задачи и самоиницијативност
- Изградени способности за тимска работа
- Работа на компјутер ( Microsoft Office, напредно познавање на Excel)
Ако себе си се гледаш во овој опис, испрати ни ја својата биографија преку полето "Брза Апликација"!