Сметководител
Скопје
Application deadline:
- Фабрика „Карпош“
Фабриката „Карпош” е производител на елементи за урбана опрема почнувајќи од бетонски декоративни плочи со различни димензии за уредување партери, тротоари, паркинзи, па сè до сложени монтажни конструктивни елементи за изведба на различни видови објекти. Освен тоа, фабриката „Карпош” е специјализирана за проектирање и за производство на монтажни конструктивни елементи за изградба на крупнопанелни згради, семејни куќи, индустриски објекти, армиранобетонски мостови, ПТТ-столбови, далноводи и трафостаници, вибропресувани цевки и шахти, центрифугирани шипови, железнички прагови од преднапрегнат бетон, бетонска галантерија, како и изработка на бетонски и армиранобетонски елементи по порачка.
Денес, фабриката „Карпош” е организација која може да им понуди на инвеститорите проекти, монтажни конструктивни елементи, техничка подготовка и изведба која подразбира висока технологија, квалитет и прифатлива цена. Фабриката „Карпош” има добиено сертификат за квалитет ИСО 9001 со кој се потврдува коректноста во водењето на работата. Особено таа е организација каде што се изнаоѓаат одредени решенија за соодветни градежни проблеми за да се реализираат специфичните барања на секој клиент.
Фабрика КАРПОШ АД Скопје има потреба од вработување на:
Од кандидатите се бара да имаат познавање од:
- Сметководствено работење - Материјално и финансово работење
- Книжење на влезни и излезни фактури
- Книжење на банкарски изводи
- Пресметка на персонален данок и електронска комуникација со УЈП
- Одлично познавање и работа со компјутери (Microsoft Office)
На кандидатите им се нуди:
- Полно работно време понеделник до петок,
- Конкурентна плата, во зависност од квалификацијата и искуството на кандидатот
- Можност за дополнително усовршување
- Добри услови и убава работна атмосфера
Личен профил:
- Способност за самостојна и тимска работа.
- Високо развиени комуникациски и организациски вештини.
- Амбициозност и мотивираност за развој и унапредување.
Докоолку имате желба да бидете дел од успешниот тим испрате ни ја вашата кратка биографија (CV) Преку полето брза апликација.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!