ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција:
ДОКТОР - СПЕЦИЈАЛИСТ ПО МЕДИЦИНА НА ТРУД
Потребни квалификации:
Завршено високо образование – Медицински факултет
Уверение за специјалист по трудова медицина
Лиценца за работа во дејноста издадена од Лекарска комора на Македонија
Претходно работно искуство ќе се смета за предност
Одлични услови за работа и пријатна работна атмосфера
Бенефити за вработени
Протокол за грижа на здравјето - "Здравјето на вработените е наш приоритет"
Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата
Учество на различни настани: саеми, конференции и обуки
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Healthcare and Social Work amounts to 23.752 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!