Индустри Сервис ДОО – Скопје, специјализирана компанија за организирана исхрана и индустриски кетеринг, вработува Магационер во својата подружница во Ѓорче Петров.
Работата е организирана во прва смена, 40 часа неделно, празнични работни саати се плаќаат дополнително, согласно законската регулатива на Р.Македонија.
МАГАЦИОНЕРИ
Должности и одговорности:
- Одговорен е за процесот од прием на суровините до нивно соодветно складирање
- Да се придржува кон работните упатства за прием и складирање на производи.
- Грижа и одржување хигиена во магацинскиот простор
- Врши проверка на декларацијата на суровините, нивниот рок на траење, општата состојба, тежината, пропратната докуметација, како и хигиената и температурата на возилото од каде се врши приемоt
Потребни квалификации и способности:
- Завршено средно образование
- Способност за тимска и самостојна работа
- Претходно работно искуство на иста позиција ќе се смета за предност
- Висок степен на одговорност, професионалност и доверливост
Веб страна: http://industriservis.mk/