БИМА Логистика е компанија специјализирана за увоз, маркетинг, продажба и дистрибуција на производи за широка потрошувачка и официјален застапник за реномираните брендови: Elephant, Corny BIG ,Trolli, , BIP ,Zaini, Relkon , Halloren, Adriana, и други.
Бaраме Комерцијалист за Скопје (За Ланци на Маркети)
Одговорности и работни задачи:
- Посета и продажба во секој продажен објект според Рута План и навремено евидентирање на нарачките електронски во софтверската системска апликација за нарачки
- Директно се грижи за успехот на секој свој бренд преку најдобра примарна и секундарна позиција на секое продажно место
- Успешно вршење на Мерчендајзинг и Менаџирање на категории на рафтови за своите производи по секој продажен објект по Рута План и План со неделни/дневни цели
- Ги следи активностите на конкуренцијата во продажно место, идентификува можности и предлага активности за развој на продажбата
- Прибира податоци од секое продажно место во врска со степенот на продадени, дистрибуирани и присутни производи на залиха кај купувачот и врши редовна проверка на нивните рокови на употреба
- ССС е неопходна а универзитетска диплома како и завршени тренинзи/обуки за продажба и мерчендајзинг активности се сметаат за предност
- Педантен , приципиелен и со одлични организациски вештини
- Проактивност и систематичност
- Упорност и константност во спроведување на плановите
- Одлични комуникациски и презентациски вештини
- Аналитички способности,систематични, упорни и енергични
- Способност за работа под притисок и со задачи со кратки лимитирани рокови
- Позитивен пристап, љубезност и учтивост
Ги замолуваме сите заинтересирани кандидати да ни пратат CV преку полето Брза Апликација најдоцнa до 25.11.2024. со Назнака/Subject:КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА СКОПЈЕ (за Ланци на Маркети).