Vrabotuvanje.com - Електроинженер - повеќе позиции во Србија - Србија, Белград - Office People Romania SRL
Share
Tweet
Share
Send to friend

Електроинженер - повеќе позиции во Србија

Србија, Белград

Application deadline:

  • Office People Romania SRL

 

 

Office People е меѓународна компанија за регрутација која нуди услуги и решенија во одделот за човечки ресурси. Како дел од нашето меѓународно проширување во Македонија сме присутни од 2023 година. Нашата мисија е едноставна: Ние ги поврзуваме луѓето со можности и им помагаме да ја најдат нивната идеална работа!

За нашиот клиент, вршиме регрутација за повеќе позиции на различни нивоа:

ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР на различни нивоа (Junior, Senior, Lead)

Локација: Србија - Белград
 
За компанијата:
 
Нашиот клиент е компанија која е водечки доставувач на деловни и технолошки решенија, кои се дизајнирани за подобрување и максимизирање на оперативните перформанси на своите клиенти. Со долгогодишно искуство во индустријата и експертиза во клучни сектори, компанијата се истакнува како премиум партнер кој нуди иновативни решенија за инженеринг, технологија и енергетски системи. Постојано инвестирајќи во развој на својот тим, компанијата обезбедува динамично работно опкружување и можности за професионален раст.
 
Опис на работа:
  • Одговорен за проектирање и контрола на техничката документација во сите фази на проектирање на високонапонски и среднонапонски постројки.
  • Создава документи: Еднолиниски дијаграми, функционални и заштитни шеми, шеми за ожичување, блок дијаграми, распоред на постројки и опрема, основи и пресеци, планови за контингентни случаи, детални цртежи на главна и помошна опрема.
  • Повремени службени патувања.

Барања од кандидатите:

  • Соодветна стручна квалификација – најдобро во областа на електротехниката
  • Минимум 3 години работно искуство на слични позиции
  • Познавање на работа со компјутери, AutoCAD 2D (3D е предност) и Office апликации
  • Добри комуникациски вештини
  • Подготвеност за повремени службени патувања
  • Одлично познавање на англиски и германски јазик
  • Пожелно познавање на BIM софтвер
  • Професионален изглед
  • Мотивираност и желба за учење
  • Високо внимание кон детали и способност за мултитаскинг
  • Возачка дозвола категорија B категорија

Што нуди компанијата:

  • Работа на меѓународни проекти со водечки компании.
  • Пријатно и професионално работно опкружување.
  • Можности за професионален развој и обуки.
  • Програми за напредување во кариерата.
  • Бенефиции како приватно здравствено осигурување.
  • Конкурентни услови на работа и сигурна плата.
  • Тимска работа и одговорност.
  • Можност за повремените патувања во странство.
  • Флексибилна плата согласно искуството на кандидатите – нема однапред определен максимален ранг
  • Можности за професионален развој преку обуки, како локално така и во странство.
  • Работа во меѓународен тим.
  • Пријатна и поддржувачка работна средина.​

Како да аплицирате: 
  • Аплицирајте преку брза апликација
  • Аплицирајте со испраќање на вашето CV на irena.aleksova@office-people.rs
  • Аплицирајте со јавување на 078 311 791
Забелешка: Високо ја почитуваме приватноста и доверливоста на нашите кандидати. Името на компанијата која го врши вработување ќе биде откриено на кандидатите кои ќе преминат во финалните фази од процесот на селекција.
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Mechanical Engineering and Naval Architecture amounts to 26.404 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more