Зад секоја успешна компанија стои силен тим. ФМС ДООЕЛ претставува млада компанија со просперитетен тим кој професионално пристапува и одговара на сите предизвици.
Секој од нас е специјалист во своето поле на работа и посветен на потребите и барањата на клиентите. Компанија ориентирана кон изнаоѓање решенија, со единствена цела – да обезбеди квалитет со висок степен на економска оправданост.
Имајќи го предвид нашето разбирање и моќта на тимот, работиме заедно кон постигнување на нашите цели и заеднички ги прославуваме нашите успеси.
Ако барате стабилност, професионален раст, долгорочна кариера и технолошки предизвици во успешни компании – дојдете и придружете ни се уште денес!
ФМС ДООЕЛ објавува оглас за вработување на професионални кадри од областа:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА
Опис на работата:
- Креирање и имплементација на стратегии за ширење на продажната мрежа;
- Организирање, координирање и водење на продажните активности;
- Следење на пазарот и евалуација на потенцијалот за развој на нови продажни активности;
- Стратешко планирање и развој на производи и услуги;
- Посета на постоечки и нови клиенти, како и комерцијална и техничка поддршка на постојните клиенти;
- Развој на долгорочни планови за продажба;
- Воспоставување и одржување на добри односи со клиентите;
Потребни квалификации:
- Високо образование – Завршен архитектонски факултет ќе се смета за предност;
- Најмалку 2 години работно искуство во продажба со недвижности;
- Изразена комуникативност, одлични презентациски вештини и вештини на преговарање- искуство во подготовка и одржување на презентации ќе се смета за предност;
- Напредно познавање на англиски јазик и работа со Office апликации;
Што нудиме:
- Мотивирачка атмосфера и плата по договор;
- Колективно осигурување од несреќа;
- Можност за напредување во кариера;
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!