Vrabotuvanje.com - Комерцијалист за Пелагониски регион - Битола - ГЕМАК Траде
Share
Tweet
Share
Send to friend

Комерцијалист за Пелагониски регион

Битола

Application deadline:

  • ГЕМАК Траде

 

Гемак е компанија која цели 3 децении е лидер на пазарот за увоз и дистрибуција и стратешки партнер на едни од најпродаваните светски брендови на алкохолни и безалкохолни пијалаци, тутун, кафе, храна и непрехрабрени производи. Од 2020 година ја отвара својата онлајн продавница со повеќе од 200 производи кои се дистрибуираат низ цела Македонија за крајните купувачи.

Доколку имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, иницијативни, ориентирани кон резултати, аплицирајте за работа во Gemak Trade на следната работна позиција:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПЕЛАГОНИСКИ РЕГИОН


Работни задачи и обврски:
  • Врши активна посета и продажба во објектите во делегираниот регион, со цел застапеност на производите од портфолиото на компанијата
  • Врши посета и продажба на производитe, според однапред дефиниран ‘’рут’’ план и прави нарачки преку таблет
  • Обезбедува оптимална залиха на производите кај сите свои комитенти, минимизира и отклонува Out of Stock ситуации
  • Спроведува однапред договорени Маркетинг активности кај купувачите
  • Спроведува активности поврзани со мерчендајзингот на производите во продажните места на комитентите, соодветно магационирање, следење на рок на траење според FIFOI стандард, како и поставување на рекламни ПоС материјали со запазување на потребните стандарди
  • Се грижи за наплата кај сите коминтенти во својот реон
  • Следи месечни и дневни таргети
  • Дава предлози за унапредување на продажните процеси 
 
Потребни квалификации:
  • Образование: ССС (ВСС ќе се смета за предност)
  • Искуство: минимум 1 година на слична работна позиција
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Предност ќе имаат кандидатите со место на живеење во Битола

Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку полето аплицирај.

Apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more