Vrabotuvanje.com - Сервисер на апарати за кафе - Скопје - Скопје - АЛМА - М ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Сервисер на апарати за кафе - Скопје

Скопје

Application deadline:

Ние во Алма-М веќе 33-та година сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

АЛМА - М
Објавува оглас за следната работна позиција

СЕРВИСЕР НА АПАРАТИ ЗА КАФЕ ВО ЗРНО

 
Датум на објава: 20 Ноември 2024
Рок за пријавување до: 8 Декември 2024
Број на оглас: О-241121-НП-СА
Сектор: Продажба
Регион: СКОПЈЕ
 
 
Работни задачи:
  • Монтажа и демонтажа на апарати за кафе,
  • Сервисирање на апарати за кафе во сервис,
  • Посета на објекти низ Македонија по рутинг план,
  • Подготвување на извештаи,
  • Поддржува и гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работата,
  • и други работи по опис на работно место.

Потребни квалификации и вештини:
  • Физичка спремност - понекогаш ќе треба да се крева, турка и влече тешки предмети до 30 кг. 
  • Познавање на електроника и механика,
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија,
  • Познавање и работа со Microsoft Office,
  • Минимум завршено средно образование,
  • Флексибилност за работа на терен,
  • Одлична комуникација,
  • Професионално однесување,
  • Организиран,
  • Мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен, проактивен и насочен кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени.
 
Потребно искуство:
  • Потребно e претходно работно искуство од 2 години. 
 
Работни услови:
  • Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности),  со можност за продолжување.
  • Дневно работно време е од 08.00-16.00 часот од понеделник до петок

.

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

Напомена:

  • САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот со интервјуирање – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на АЛМА-М ДООЕЛ Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more