Vrabotuvanje.com - Референт за Контрола на квалитет во производство - Охрид - Виа Пром Доо Охрид
Share
Tweet
Share
Send to friend

Референт за Контрола на квалитет во производство

Охрид

Application deadline:

  • Виа Пром Доо Охрид

За компанијата

Виа Пром е фабрика за производство на кондиторски производи лоцирана во Охрид. Успешно го извезува својот производен асортиман на странските пазари повеќе од 20 години.

Амбицијата на тимот и неговото долгогодишно искуство и познавање на пазарот придонесува кон континуиран раст и развој што овозможува личен и професионален напредок за секој вработен.

Заради проширување на капацитетите на нова локација во близина на автобуската станица во Охрид (комплекс Златно Јајце), компанијата има потреба од:

РЕФЕРЕНТ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ ВО ПРОИЗВОДСТВО


 

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование или последна година од додипломски студии на еден од следниве факултети: Факултет за туризам и угостителство СП Гастрономија, Факултет за биотехнички науки, Технолошко-металуршки факултет, Технолошко-технички факултет СП Прехранбена технологија и биотехнологија.
  • Основно познавање на производствените процедури согласно IFS и ISO 22000 се смета за предност. Доколку нема познавање од истите, компанијата ќе овозможи соодветни обуки.
  • Солидно познавање на програмите за работа Excel, Word, Power Point.
  • Солидно познавање на англиски јазик.

Главни задачи и одговорности:

  • Учество во креирање и имплементирање на стратегии во Сектор квалитет.
  • Следење и имплементација на процедури согласно IFS и ISO 22000.
  • Контрола на квалитет на производствени процеси.
  • Водење документација.
  • Општи работни активности.

Личен профил:

  • Способност за тимска работа.
  • Точност и педантост.
  • Одговорност при исполнување на работни задачи.
  • Професионален и љубезен однос.
  • Флексибилност и прилагодливост.
  • Самоиницијативност и подготвеност за учење и кариерен развој.

Ние нудиме:

  • Конкурентна плата.
  • Работа во една смена.
  • Можности за брзо унапредување.
  • Позитивна и динамична работна атмосфера.
  • Работа во хармоничен тим со силни семејни вредности.
  • Професионален предизвик во домашна, семејна и стабилна извозна компанија со континуиран развој.

 

Доколку ги исполнувате горе наведените услови, Ве молиме испратете го Вашето CV преку полето Брза Апликација или контактирајте не на телефонскиот број 075 229 858 (понеделник - петок од 8ч -17ч).

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Crafts and Manufacturing amounts to 24.798 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more