Мерчандајзер/ка
За реон Југозапад
Application deadline:
- КОЛИД С ТИМ ДООЕЛ
КОЛИД С Тим
Водечка компанија од областа на увоз и дистрибуција на производи за широка потрошувачка, која во своето портфолио застапува над 42 реномирани брендови, меѓу кои SUNDAY, KRASH, BARILLA, MUTTI, WUDY, DUEL, PIVAC, POLIMAR, RICE UP, ABC, YUHOR, CALVO, COSTA D’ORO, RIBELLA, HELLENA, со три дистрибутивни складишта низ земјата, сопствено производство и над 350 вработени
има потреба од вработување на работно место:
Мерчандајзер/ка
За реон Југозапад
Работни задачи:
- Посета на продажни места согласно рут планот на реон Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Кичево
- Подредување на производите по стандарди, следење и контролирање на нивните рокови (ФИФО метод)
- Следење на залихата на производите во маркетите и во магацините
- Контролирање на продажните цени во маркетите и имплементација на договорените маркетинг активности (летоци, акции и слично)
- Позиционирање и истакнување на производите на дополнителни позиции
- Следење и известување за активности на конкуренција
- Изготвување на неделни презентации за мерчендајзери
- Други работни задачи по барање на претпоставен.
Потребни квалификации и вештини:
- Пожелно е канидатот да биде со место на живеење во Битола, поради поефикасно следење на рут плановите
- Минимум завршено средно образование
- Флексибилност за работа на терен
- Одлична комуникација, преговарање и градење на однос со вработените во маркетите и коминтентите
- Професионално однесување
- Организираност и аналитичност
- Динамичност, проактивност и насоченост кон остварување на резултати
- Работа и познавање на MS Office пакет
- Возачка дозвола Б – категорија
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност.
Што добивате:
- Работен ангажман на полно работно време
- Договор на определено време со можност за продолжување на неопределено време, согласно успешно завршување на работните задачи
- Можност за личен и професионален развој, напредување на повисоки позиции согласно покажаните резултати
- Службен телефон и службено возило
- Пакет производи за празници
- Исплата на регрес за годишен одмор
Вашата професионална биографија (CV) можете да ја испратите преку полето „Брза Апликација“ со назнака во Subject: Апликација за Мерчендајзер реон Југозапад, најдоцна до 04.12.2024 год.
Напомена: Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции.
Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата.
Ги очекуваме сите кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови и кои сакаат да учат, да се развиваат и да напредуваат во успешна компанија да ги пратат своите апликации, бидејќи Колид С Тим нуди неограничени можности за сите компетитивни вработени насочени кон резултати.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!