Vrabotuvanje.com - Раководител за комерцијално работење - Скопје - ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО
Share
Tweet
Share
Send to friend

Раководител за комерцијално работење

Скопје

Application deadline:

  • ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО

 

ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО СКОПЈЕ - Компанија со дејност трговија со зрнести производи, семки, зачини, сушени плодови, масти, масла, адитиви, ароми и суровински материјал за слаткарство, пекарство, пивска и месна индустрија, индустрија за сокови и пакување, заради зголемен обем на работа има потреба од:

РАКОВОДИТЕЛ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ
 

Услови:

  • ВСС
  • Познавање на странски јазик
  • Претходно менаџерско искуство и работно искуство  во трговија со прехранбени производи од најмалку 5 години, како и познавање на продажните објекти;
  • Искуство во подготовка и развивање на стратегии за продажба,  анализи и извештаи;
  • Напредно познавање на работа со компјутер, активно познавање на MS Office;
  • Возачка дозвола Б -категорија (активен возач).


Личен профил:

  • Одлични лидерски, организациски, комуникациски и преговарачки вештини;
  • Самоиницијативност и лојалност во извршувањето на работните задачи; 
  • Флексибилност за работа на терен;
  • Способност за индивидуална и тимска работа и градење на тимски дух;
  • Способност за ефикасно управување со времето, работа под притисок и со кратки рокови;
  • Деловна култура и одговорност.


Одговорности и задачи:

  • Одговорен за развој и имплементација на стратегии и бизнис планови со цел зголемување на продажбата;
  • Комуникација со веќе постоечките и стекнување на нови клиенти;
  • Одговорен за креирање и имплементација на политика за навлегување во нови пазари;
  • Го организира подобрување на пласманот на производите на пазарот, согласно потребите на пазарот;
  • Го менаџира изготвувањето понуди и договори за деловна соработка за новите и веќе постоечките купувачи;
  • Обврска да го организира менаџирањето на клучни клиенти, комуникација и организирање на маркетинг активности кај  клучните клиенти, презентација и промотивни активности;
  • Ги следи трендовите на пазарот и детектира можности од стратешко значење на компанијата
  • Има обврска да води и да издава уредна финансиска документација за работењето;
  • Го менаџира и е одговорен за изготвувањето на анализи и извештаи на извршените активности и резултатите од продажбата;


Ние нудиме: 

  • ОДЛИЧНА плата која може да прогресира во зависност од перформансите и работната успешност; 
  • Службен мобилен и службено моторно возило со право на користење во работно време за извршување на работните обврски и одговорности;
  • Позитивна и пријатна работна атмосфера;
  • Можност за професионален развој;

Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV да бидат собрани и обработени од ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат о обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицираат.
Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

Доколу овој Оглас е предизвик за Вас, Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака на апликацијата “РАКОВОДИТЕЛ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНО РАБОТЕЊЕ “


Напомена:

  • Кандидатите кои не ги исполнуваат бараните услови кои се наведени во Огласот се молат да не аплицираат;
  • САМО кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликации без назнака нема да бидат разгледани.
 
 
ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Traffic, Transport and Maritime amounts to 24.623 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more