Vrabotuvanje.com - Сметководител - Скопје - Maliqi Group
Share
Tweet
Share
Send to friend

Сметководител

Скопје

Application deadline:

  • Maliqi Group

 

Групацијата Малиќи (www.maliqigroup.com) е синоним за лидерство на пазарот во индустриите во кои работиме според врвните светски трендови, иновации и стандарди во Македонија, Албанија и Косово. Водени од амбицијата за нови деловни потфати и желбата да освоиме што повеќе пазари и клиенти, го проширивме опсегот на работа во неколку сегменти, како дистрибуција, хотелиерство, градежништво, станбено управување. Сите вработени кои се дел од оваа приказна се посветени на исполнување на мисијата и визијата и се водат од воспоставените вредности во исполнувањето на целите и процесот што води до нив.

Компанијата Малиќи груп, бара искусен и посветен Специјалист за човечки ресурси, кој ќе биде одговорен за сите аспекти на управување со човечките ресурси, вклучувајќи вработување, обука, талент менаџмент, перформанс менаџмент и други активности за развој на вработените и организацискиот капацитет.


СМЕТКОВОДИТЕЛ
Сектор: Финансии

РАБОТНИ ОБВРСКИ / ОДГОВОРНОСТИ

  • Контрола при прием, книжење и контирање на влезна/излезна материјална и финансиска документација.
  • Евидентирање на денарски и девизни изводи.
  • Подготовка на Е-ПДД и сметководствено евидентирање, изработка и доставување на документација за Народна банка, Државен завод за статистика и други релевантни институции.
  • Следење и спроведување на законски процедури и легислативи (ДДВ, персонален данок, данок од добивка и сл. и нивна примена).
  • Контрола на целокупната сметководствена евиденција.
  • Активно учество при подготовка на Завршни годишни сметки и ДБ.
  • Активно учество во процесот на Годишна ревизија.
  • Комуникација со клиенти, банки и државни институции.


Потребни способности и компетенции:

  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
  • Одлични аналитички и организациски способности
  • Мотивирана, стабилна, одговорна и посветена личност
  • Флексибилност за индивидуално и тимско работење.

ОЧЕКУВАНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

ОБРАЗОВАНИЕ

  • Економски факултет, од областа на Сметководство и ревизија се смета за предност
  • Поседување уверение за сметководител се смета за предност издадено од Министерство за финансии

​ИСКУСТВО

Потребно е најмалку три години претходно работно искуство на соодветна позиција како сметководител или Овластен сметководител

ТЕХНИЧКИ КОМПЕТЕНЦИИ

Познавање на Microsoft Office: Word, Excel

Познавање и користење на сметководствен софтвер

Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку полето Аплицирај​.

Apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more