Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи. Фокусот го насочуваме кон изборот на најсоодветни кандидати кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови. Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!
Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција:
МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК
Потребни квалификации:
Високо образование
Работно искуство во промоција на фармацевтски производи
Пожелно е познавање на англиски јазик
Одлично познавање на MS Windows и MS Office
Положен возачки испит Б категорија
Потребни вештини и способности:
Поседување комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
Претприемачки дух, стручна компетентност
Организирана и одговорна личност
Професионален и љубезен однос кон клиентите
Позитивен став
Справување со работа под притисок, исполнување на таргети
Одговорности:
Посета на ПЗУ и ЈЗУ со цел промоција и презентација на фармацевтски производи
Градење на добри релации со клиентите и презентирање на компанијата Зегин и производите
Спроведување на предвидените маркетинг активности
Остварување на предвидениот план за продажба
Поднесување на извештаи за посетите на клиентите
Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на семинари
Што нудиме:
Стимулативна плата и бенефиции
За најдобрите вработени – наградно патување
Исплата на сите додатоци на плата
Најмалку 20 дена годишен одмор и регрес за годишен одмор
Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
Службено возило за исполнување на работните задачи
Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и обуки
Настани и активности за добросостојбата на вработените (Employees wellbeing)
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Healthcare and Social Work amounts to 23.752 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!