Vrabotuvanje.com - Правник - Скопје - НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

This ad is not active. Ad application not possible.

Правник

Скопје

Application deadline:

  • НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје

 

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје, е Компанија од фармацевтската индустријa, дел од групацијата PHCANN INTERNATIONAL, лоцирана во Индустриската зона Ќојлија- Петровец, која располага со најсовремен производствен простор за indoor култивација на канабис и работи по највисоките европски стандарди за производство на производи од канабис за медицинска примена. Ние сме сертифицирана компанија по EU GMP стандарди.

ПРАВНИК (1) Извршител

Работни задачи

  • Изработува правни акти кои се носат на ниво на Друштвото (одлуки, решенија, правилници, договори, спогодби, потврди  и сл.).
  • Ги следи законските и подзаконските прописи и навремено ги известува другите организациони единици за промените на истите.
  • Ги проучува промените во законската регулатива и дава предлог мерки за прилагодување и спроведување на новите законски решенија во надлежните организациони единици на Друштвото.
  • Изработува процедури и правила во рамки на Одделот и Друштвото.
  • Изработува договори за вработување, соработка, договори кои Друштвото ги склучува со деловните партнери, домашни и странски добавувачи и клиенти, надворешни соработници и слично, согласно потребите на Друштвото
  • Обезбедува правна помош и правни мислења на вработените во другите организациони единици.
  • Изготвува, обезбедува и доставува соодветна документација од и до државни институции, согласно законските и подзаконските прописи.
  • Ја обезбедува и води грижа и за  целокупната имотно-правна документација на Друштвото.
  • Го следи и ажурира статусот на судските спорови на Друштвото.
  • При статусни промени учествува во подготовката на правната документација за регистрација на Друштвото пред  надлежните органи.



Лични карактеристики и вештини кои ги цениме:

  • Одговорност
  • Доверливост
  • Способност за следење и почитување на пропишани упатства и процедури
  • Способност за тимска работа

 

Потребни квалификации на нашите кандидати​:

  • ВСС образование - Правен факултет
  • Положен правосуден испит
  • Работно искуство повеќе од 5 години во адвокатура/корпоративно право, ќе се смета за предност
  • Потврди за неосудуваност (казнена и кривична евиденција)
 

Компанијата има организиран превоз

Работно време 08:30 – 16:30часот

Доколку сметате дека вашите вештини и знаење одговараат на нашите потреби, повелете испратете ја вашата апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.

Процесот за одбирање ќе трае до 10 дена по завршување на огласот. 
Кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат контактирани и  повикани на интервју. 

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени и зачувани исклучиво за потребите на регрутација и селекција од страна на НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје.

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Law amounts to 23.814 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more