НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје, е Компанија од фармацевтската индустријa, дел од групацијата PHCANN INTERNATIONAL, лоцирана во Индустриската зона Ќојлија- Петровец, која располага со најсовремен производствен простор за indoor култивација на канабис и работи по највисоките европски стандарди за производство на производи од канабис за медицинска примена. Ние сме сертифицирана компанија по EU GMP стандарди.
ОРГАНИЗАТОРИ ВО ПАКУВАЊЕ И ПРОЦЕСИРАЊЕ (2) извршитела
Организатори во Сектор за производство на канабис за медицински цели
Работни задачи
- Распределува дневни задолженија и ја организира работата во договор со раководител на оддел и план за производство.
- Одговорен е за контрола на организацијата во одделот и координација на процесите со други оддели во договор со раководителот и/или директорот на секторот.
- Одговорен е за спроведување, следење и контрола на условите во производниот погон согласно барањата на EU GMP и GACP соодветно.
- Одговорен и задолжен за проверка на достапни појдовни материјали за производството пред почеток на процесот.
- Одговорен е за проверка на записи во текот на производниот процес.
- Одговорен за контрола на хигиена.
- Врши контрола на квалитетно реализирање на производните процеси согласно пропишаните стандардни оперативни процедури.
- Врши ин процес контрола во производните процеси.
- Учествува во процес на валидација на производните процеси.
- Учествува во истрага при отстапување, OOS или други неусогласености.
- Внимава и се грижи за безбедно работење.
- Одговорен е за контрола на носење на заштитна опрема.
Лични карактеристики и вештини кои ги цениме:
- Одговорност
- Доверливост
- Способност за следење и почитување на пропишани упатства и процедури
- Способност за тимска работа
Потребни квалификации на нашите кандидати:
- ВСС – образование - Фармацевтски факултет или Технолошки факултет
- Работно искуство во фармацевтска индустрија ќе се смета за предност
- Потврди за неосудуваност (казнена и кривична евиденција)
Компанијата има организиран превоз до работа и назад
Работно време 07:00 – 15:00часот
Доколку сметате дека вашите вештини и знаење одговараат на нашите потреби, повелете испратете ја вашата апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.
Процесот за одбирање ќе трае до 10 дена по завршување на огласот.
Кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени и зачувани исклучиво за потребите на регрутација и селекција од страна на НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје.