Vrabotuvanje.com - Градежен инженер - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Share
Tweet
Share
Send to friend

Градежен инженер

Скопје

Application deadline:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

 

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН 

објавува оглас за вработување на


​ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР
 
 
За позицијата:
Градежниот инженер е одговорен за координирање и обезбедување ефективно одржување на градежната опрема и работните простории во компанијата и учество во имплементацијата на нови инвестиции со цел да се придонесе за целокупната ефикаснот на работењето во фабриката и непрекинат процес на производство. За таа цел, Градежниот инженер
  • Го координира изготвувањето на проектите и техничките документации за нови градежни инвестиции, контрола на изведбата, како и тековното градежно одржување на објектите и градежните простории,
  • Го координира работењето на надворешните фирми кои изведуваат градежни работи во кругот на компанијата,
  • Обезбедува сигурност и безбедност на просториите, инсталацијата и вработените. За своето работење одговара на Менаџерот за одржување. Работното време е од 08:00 – 16:00 ч. Компанијата обезбедува бенефиции, како платена исхрана, приватно здравствено осигурување и други поволности, како бонус за успешно работење. 

Квалификации:

  • Високо образование, VII степен (240 ЕКТС), Градежен факултет
  • Искуство во релевантната област од најмалку 3 години
  • Напредни компјутерски вештини
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Лиценца за надзор на активности ќе се смета за предност

Конкурентски предности: 

  • Високо ниво на интегритет и доверливост
  • Способност за планирање и организација
  • Способност за водење тимови и управување со проекти

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование
 
Аплицирањето може да се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk во делот Кариера / Придружете ни се.

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална определеност, религија или убедување.


Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју
Apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Construction, Geodesy and Geology amounts to 25.150 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more