За потребите во своето работење Микрокредитна фондација Хоризонти распишува оглас за вработување на:
СМЕТКОВОДИТЕЛ
со седиште во Скопје - Централа
Општи и посебни услови:
- Високо образование - Економски факултет (сметководство и ревизија, финансии);
- Работно искуство во сметководство од најмалку 5 години
- Уверение за овластен сметководител;
- Познавање на даночната политика и законските прописи;
Вештини и способности:
- Работа со апликативни софтвери за сметководство и финансии;
- Практично искуство со работа со Microsoft Office алатките (Excel, Word, Outlook);
- Одлични аналитички и логички способности;
- Способност да се работи на повеќе активности истовремено во рамките на роковите;
- Способност за брзо прилагодување и самостојно работење;
Услови за аплицирање
Сите заинтересирани кандидати треба да испратат Кратка биографија (CV), уверенија, сертификати, како и останати релевантни документ преку полето Брза Апликација, со назнака Оглас – Сметководител.
Со Вашата апликација давате согласност за задржување на испратените податоци во базата за идни вработувања на компанијата во рок од 1 (една) година. Истите ќе бидат третирани со максимална доверливост и заштита.
Огласот е отворен 10 работни денa од неговото објавување (од 25.11.2024 до 10.12.2024).