Визијата на БИСИ е да создадеме препознатлив бренд во градежништвото, кој на пазарот ќе се истакнува по својата уникатна архитектура и понуда на ПРЕМИУМ станбени и деловни објекти.
Мисијата на БИСИ е да им понудиме на клиентите високо квалитетен производ, кој вклучува изградба на станови и деловен простор по највисоки стандарди, со најсофистицирани материјали, на ексклузивни и атрактивни локации.
Објавуваме работна позиција за:
ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Завршен Економски Факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј„ Скопје
- Смер финансиски менаџмент или сметководство и ревизија со просек 8,5
- Одлично познавање на Англиски Јазик
- Одлично познавање на WORD I EXCEL
ДОПОЛНИТЕЛНИ КВАЛИФИКАЦИИ/ВЕШТИНИ/ПОЗНАВАЊА:
- Високо развиени аналитички и орханизациски способности
- Посветеност, лојалност, проактивност, темелност и прецизност во работењето
- Желба за постојано учење и професионален напредок
- Способност за тимска, но и индивидуална работа
ЛИЦЕТО ЌЕ БИДЕ ОДГОВОРНО ЗА:
- Водење на финансиски и административни работи
- Прием и архивирање на документи
- Вршење на плаќања
- Подготовка на финансиски извештаи согласно потребата на претпријатието
- Комуникација и координација со надворешното сметководство и подготовка на документи за нив
НИЕ ВИ НУДИМЕ:
- Стабилно работно место со постојана динамичност
- Можност за напредок во рамки на компанијата
- Атрактивни месечни примања
- Позитивна атмосфера
Доколку сметате дека ова е вистинската работа за Вас, Ве молиме испратете го Вашето CV преку полето Брза Апликација со назнака за Финансиски асистент.