Smart Solutions, информатичка компанија од Скопје, партнер на водечките фирми во областа на информатичките технологии (Dell, Hewlett Packard/ Enterprise, Autodesk, Adobe, Symantec/ Broadcom, Veritas, Cisco, Corel, Microsoft, VMware, Citrix, и уште многу други), специјализирана за имплементација и поддршка на комплетни информатички решенија, има потреба од пополнување на следната работна позиција:
Асистент-менаџер за продажба и маркетинг на производите, услугите и решенијата коишто ги нуди компанијата
- Висока стручна подготовка - диплома од Економски факултет Скопје (насоки Е-бизнис или маркетинг) или Електротехнички факултет Скопје (насока КТИА)/ФЕИТ/ФИНКИ или од друга еквивалентна институција, со или без работно искуство
- Возачка дозвола (Б категорија)
- Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик- пишуван и говорен
- Искуство во работа со компјутери - познавање на Microsoft Word, Excel, Power Point и користење на Интернет сервиси
- Изразена комуникативност, одлични презентациски вештини и вештини на преговарање- искуство во подготовка и одржување на презентации ќе се смета за предност
- Дополнителни обуки од областа на менаџмент на маркетинг и продажба ќе се сметаат за предност
- Организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност