Компанијата Текнопанел е една од најголемите извозници во Рeпублика Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со 4 фабрики во Турција. Република Северна Македонија е првата инвестициска дестинација за Текнопанел вон матичниот пазар, а планирани се да се изградат две фабрики чија главната дејност ќе биде производство на Експандиран полистирен и Сендвич панели.
Двете фабрики се во завршна фаза на изградба во Технолошко Индустриска Развојна Зона – Скопје 1, Бунарџик/Илинден, и истата поради тоа има потреба од следната работна позиција:
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ ЗА ВНАТРЕШНО СМЕТКОВОДСТВО
Услови:
- Лиценца за овластен сметководител – ќе биде предност
- Познавање на работа во сметковдствен програм PANTHEON
- Претходно работно искуство со сметководствени регулативи и програми , изготвување на завршна сметка и финансиски извештаи;
- Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office)
- Познавање на англискиот јазик (усмено и писмено изразување);
- Универзитетска диплома (финансии- Економски факултет)
Работни задачи:
- Водење на сметководственото работење и контрола на истото,
- Изготвување на завршни годишни сметки,
- Контрола на книжење на финансиската и материјалната документација,
- Пресметка на плати,
- Плаќање на налози,
- Подготовка на финансиски и годишни извештаи,
- Сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи како и со сите релевантни законски и регулативни прописи,
- Пресметка на ДДВ и данок на добивка,
- Комуникација со сите релеванти државни институции,
Компанијата нуди:
- редовни месечни примањa;
- можност за брзо напредување во кариерата;
- регрес за годишен одмор;
- бесплатен оброк и организиран превоз
- можност за обука во Р.Турција со обезбедени трошоци.
Доколку сте заинтересирани испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.