Vrabotuvanje.com - Аудитор / Оценувач за Храна - Скопје - Т-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Аудитор / Оценувач за Храна

Скопје

Application deadline:

  • Т-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ
  • Address: 1000 Скопје

T-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ е компанија со седиште во Скопје која работи 15 години на македонскиот пазар и делува на територијата на цела Македонија и регионот на Југо-Источна Европа. Во соработка со партнерот TÜV NORD која е германска компанија, нуди најголем дел од услугите од делокругот на TÜV NORD, главно со македонски но и странски аудитори експерти со сите овластувања на TÜV. TÜV NORD им помага на компаниите - клиенти со аудити, сертификација на системи за управување (ISO Стандарди), сертификација на персонал персонал и сертификација на производи, како и IT сертификација, информациска безбедност, безбедност на храна, техничка инспекција.

За потребите Т-ЦЕРТ бара:

АУДИТОР / ОЦЕНУВАЧ НА ХРАНА

како одговорно работно место, каде работните задачи се извршуваат за аудитирање/оценување на компаниите/организациите во однос на барањата на меѓународните ISO Стандарди.

Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:

  • Завршено високо образование - дипломиран инженер прехранбен технолог, биотехнолог или дипломиран инженер агроном
  • Претходно работно искуство во струка поврзана со завршеното образованието и во областа на системите за управување со квалитет ISO ќе се смета за предност
  • Поседување на IRCA сертификат за завршен курс за ISO 9001 или ISO 22000, или за други меѓународни ISO стандарди ќе се смета да предност
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан), познавањето на германски јазик ќе се смета за предност
  • Напредни комуникациски, организациски и планирачки способности
  • Позитивен приод на работата и желба за напредок и развој
  • Стабилна и лојална личност.

Одговорност и задачи:

  • Извршување на сертификациски проверки (аудити) на локација кај клиентите, со претходна обука обезбедена од стручни лица на TÜV NORD
  • Подготвување на извештаи во согласност со TÜV NORD Стандардите, со претходна обука од страна на стручни лица од TÜV NORD
  • Одржување на состаноци со клиенти

Компанијата нуди:

  • Почетна атрактивна плата со континуиран раст и бонуси
  • Атрактивна и динамична работа со одлучни услови за работа,
  • Стабилна работа во германска компанија, во конкурентна, позитивна и динамична средина и одличен финансиски надомест, со потенцијал за голем раст и развој,
  • Способност за тимско и индивидуално работење,
  • Професионалност и комуникативност,
  • Работно време од 40 часа неделно
  • Спроведување на континуирани обуки, континуирани годишни евалуации на надоместоците поврзани со перформансите,
  • Можност за надоградба на професионален план.

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата Биографија преку полето Брза Апликација, или за дополнителни потребни информации јавете се на 070 399 457 од 08:00 до 16:00 секој работен ден.

Апликациите ќе се прифаќаат до 20.12.2024.

Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.
Ви благодариме за вашиот интерес.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Security amounts to 22.035 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more