Vrabotuvanje.com - Лиценциран сметководител - Скопје - М БРОКЕР АД
Share
Tweet
Share
Send to friend

Лиценциран сметководител

Скопје

Application deadline:

  • М БРОКЕР АД
 

Осигурителното брокерско друштво М БРОКЕР АД Скопје е акционерско друштво овластено за вршење на осигурително брокерски работи со дозвола број УП1 – 14 – 1 – 52 од 07.04.2022 година издадена од Агенцијата за супервизија на осигурување. М БРОКЕР АД Скопје е основано од МФГ Бугарија, групација која е предводник во небанкарските финансиски услуги на пазарот во Централна и Источна Европа со повеќе од 8.300 вработени и соработници, лоцирани во повеќе од 450 канцеларии во Бугарија, Украина, Романија, Полска, Шпанија и Северна Македонија.

Агенцијата за контрола на доспеани побарувања (АКДП) е водечка компанија специјализирана во ефективна наплата на долгови и е трета компанија од овој вид во групацијата Менаџмент Фајненшл Груп (МФГ). Портфолиото на МФГ е составено од компании – лидери во индустриите на небанкарски финансови инстутуции, заеми за микро, мали и средни претпријатија, кредитни и дигитални картички P2P заеми и BNPL наменски заеми. МФГ има 19 активни регистрации и лиценци за најразлични регулирани активности како: заеми, посредување при кредитирање, осигурување, наплата на побарувања, платежни услуги и издавање на електронски пари. 

Како резултат на брзата експанзија во професионализам во работењето во моментот сме во потрага по 

Лиценциран сметководител.​

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

Финансиско книговодство и контрола:

  • Водење и надгледување на главната книга и помошните книги
  • Осигурување на точноста и комплетноста на финансиските записи
  • Креирање на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи
  • Подготовка и поднесување  на завршни пресметки
  • Книжење, ликвидирање и контрола на целокупна сметководствена документација
  • Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција
  • Евидентирање на денарски и девизни изводи
  • Електронски плаќања од банкарските сметки на компаниите, одговорен е за касата во централната
  • канцеларија.
  • Контролира движењата на банкарските сметки на компаниите и готовинските операции што ги вршат подрачните одделенија.

Даночно работење:

  • Пресметка и поднесување на даночни пријави (ДДВ, данок на добивка, персонален данок).
  • Следење на даночните промени и осигурување на усогласеност со локалните и националните даночни закони.
  • Подготовка на Е-ПДД и сметководствено евидентирање, изработка и доставување на документација за Народна банка, Државен завод за статистика и други релевантни институции.

Планирање и анализа:

  • Подготовка на финансиски извештаи за интерни и екстерни корисници
  • Анализа на финансиски податоци за идентификување на трендови и можности за подобрување

Ревизија и усогласеност:

  • Подготовка и помош при интерна и екстерна ревизија
  • Осигурување на усогласеност со законските и регулаторните стандарди

Плата и човечки ресурси:

  • Пресметка и исплата на плати, придонеси и персонални даноци.
  • Подготовка на извештаи за социјално и здравствено осигурување.

Комуникација и советување:

  • Комуникација со државни институции (УЈП, Централен регистар, АСО и сл.)
  • Обезбедување финансиски совети за управување и носење одлуки

Развој и усовршување:

  • Следење на промените во сметководствените стандарди (МСФИ и МСС).
  • Познавање и примена на актуелна законска регулатива од овие области
  • Други задачи во согласност со позицијата и по барање на работодавачот
  • Контрола на целокупната сметководствена евиденција.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено високо образование (Економски Факултет)
  • Задолжително поседување лиценца за овластен сметководител
  • Минимум 5 години работно искуство во областа сметководство и финансии
  • Искуство во конкретните области ( брокерска компанија и наплатна агенција) ќе се смета за предност
  • Искуство со работење во Пантеон софтвер ќе се смета за предност
  • Напредно познавање на MS Office пакетот, особено на алатката Excel
  • Одлично познавање на англиски јазик

ОЧЕКУВАНИ СПОСОБНОСТИ И ВЕШТИНИ

  • Способност за справување со повеќе приоритетни активности
  • Внимание на детали и структуиран начин на размислување
  • Самоиницијативност и способност за работење без постојан надзор
  • Експедитивност и прецизност во работењето
  • Способност за запазување рокови

НИЕ НУДИМЕ

  • Компетитивна плата
  • Пријателска работна атмосфера
  • Динамична и одговорна работа со постојан раст
  • Работа со тим од професионалци и индивидулаци,кои веруваат во интегритет,тимска работа и отворена комуникација
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување во областа


Испратете го вашето CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Economy, Finance and Accounting amounts to 28.521 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more