ВРАБОТУВАМЕ
КООРДИНАТОР ВО СЕКТОР
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТ
Опис на работните обврски и задачи:
- Изработка, проверка и одржување на документите од Системот за управување со квалитет – QMS;
- Обезбедува имплементација и усогласување на барањата на локалните и ЕУ закони, водичи за квалитет (ICH, PICs, WHO), GMP и GACP барањата, ISO 9001 и ISO 14001 стандарди и други барања за квалитет во Системот за управување со квалитет (QMS);
- Учествува во подготовка на прашалникот и/или евалуација на добавувачите на влезни материјали и опрема;
- Учестува како дел од тимот за екстерни проверки на производители (добавувачи) на влезни суровини и услужни компании;
- Учествува како дел од тимот за само-инспекција при интерна проверка на компанијата (со соодветна обука и компетенција);
- Учествува во собирање и подготовка на податоците за континуирано следење на квалитетот на производите во годишниот преглед на квалитет на производ (PQR);
- Прави контрола дали редовно се пополнуваат обрасците во производство и другите сектори;
- Дел од тимот за управување со ризици;
- Врши обуки и има одговорност да врши евиденција на завршените обуки и да прави евалуација на обуката кога е во улога на обучувач;
- Ја одржува архивата на документи во секторот за обезбедување на квалитет;
- Доставува извештаи за својата работа до Директорот на Сектор за Обезбедување на квалитет.
Квалификации:
- Високо образование од областа на фармација, медицина, хемија, биохемија, биотехнологија (додипломски студии), технологија;
- Одлични комуникациски вештини за ефективна соработка со други Сектори;
- Активно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office;
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
- Флексибилност и способност за тимско работење;
- Предност ќе имаат кандидати со искуство од областа на Обезбедување на квалитет во фармацевтска индустрија / индустрија за производство на медицински канабис / слична индустрија.
Ве покануваме, доколку имате интерес пратете ваша апликација со Професионална биографија користејќи го полето „Брза Апликација“.