Vrabotuvanje.com - Агент за логистика - Скопје - Fashion Group
Share
Tweet
Share
Send to friend

Агент за логистика

Скопје

Application deadline:

  • Fashion Group

Fashion Group повеќе од 15 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други. Нашата цел од самиот почеток, па сè до денес е да му овозможиме на секој наш клиент да го изгради личниот стил и да експериментира со истиот, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.

Нашите вредности го рефлектираат она вистинското на компанијата, но и на сите брендови чии франшизи ги претставуваме – воздигнувањето на личниот стил над модата со помош на уникатните сезонски колекции.

Вработените во нашата компанија чиј број постојано се зголемува, се тим индивидуалци и креативци кои постојано работат на развивање нови идеи за соодветно претставување на вредностите на компанијата. Постојано се обидуваме да го пронајдеме најдоброто во нашите вработени и заедно да работиме на нивните амбиции, бидејќи кога се инвестира во нивниот развој, не само што го зголемуваме нивниот професионален капацитет, туку и ја зголемуваме и успешноста на целата наша организација.

FashionGroup вработува

Агент за логистика

Работни обврски и одговорности:

  • Одговорен за секојдневно превземање на пратки од продавниците, проверка и распределба на истите во збирниот центар во ТЦ Ист Гејт Скопје 
  • Предавање на пратките на курирската служба и проверка на бројот на предадени пратки физички и на евидентирани пратки според апликацијата на куририте 
  • Прием на вратените пратки од страна на курирот и нивна распределба по продавници 
  • Евиденција на предадени пратки, вратени пратки и креирање на извештаи 
  • Системска проверка на онлајн нарачки, нивно превземање од продавници, пакување на производите во збирен центар, изработка на потребната документација, предавање на курир 
  • Системска обработка на вратените нарачки. 

Потребни квалификации:

  • Познавање на работа со компјутер 
  • Организираност, одговорност и навременост при извршување на работните задачи 
  • Способност за работа под притисок. 

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат посочените услови да достават кратка биографија преку полето Брза Апликација.

 
 
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more