Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии и најиноватвни продукти, услуги и процеси со кои ги задоволуваме и најпребирливите барања и потреби на нашите корисници. Нашите корисници се во фокусот на нашето работење и за нив обликуваме дигитални продукти кои ќе ги доближат нашите услуги до секој корисник, во секое време и од секаде на едноставен, комфорен и доверлив начин.
Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.
Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен. Ајде заедно да го создаваме дигиталниот свет од иднината.
Специјалист за онлајн поддршка
Во моментов имаме потреба од млади и талентирани лица кои ќе се приклучат на нашиот тим за онлајн поддршка и кои со своите одлични комуникациски вештини ќе обезбедат квалитетна и навремена услуга на нашите постоечки и потенцијални корисници преку социјалните медиуми.
- Имаш желба и способност за брзо учење и стекнување нови знаења?
- Имаш искуство во е-маил комуникација или комуникација преку социјални медиуми со корисници?
- Сакаш да решаваш кориснички проблеми?
- Имаш интерес за дигитални технологии?
Доколку твојот одговор е ДА, те очекуваме!
Работни задачи:
- Коресподенција на нашите корисници преку е-маил комуникација или некој од социјалните медиуми за информации за понуди, сметки и технички инструкции
- Едукација на корисниците за начинот на користење на услугите
- Помош при решавање на кориснички проблеми
- Проактивна продажба
- Активации/Деактивации на услуги и промени на кориснички податоци и тарифни модели
Потребни квалификации:
- 1 година соодветно работно искуство ќе се смета за предност
- Добро познавање на англиски јазик
- Познавање на MS Office
- Корисничка ориентираност
- Одлични комуникациски вештини
- Амбициозност и желба за постојано учење
Што очекуваме:
- Ориентираност кон клиенти
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Способности за справување со стресни и конфликтни ситуации
- Вљубеник во технологијата
Што нудиме:
- Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
- Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
- Можност за континуирано професионално усовршување и развој
- Приватно здравствено осигурување
- Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
- Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
- Останати бенефиции како вработен во МК
Работно време:
Како да аплицирате:
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Специјалист за онлајн поддршка.
Контакт информации тел. 02/2 3 242-694
Огласот ќе биде отворен од 02.12.2024 до 08.12.2024.
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.