Vrabotuvanje.com - Административен работник - Скопје - АРТ ПРИНТ СТУДИО ДООЕЛ Скопје
Share
Tweet
Share
Send to friend

Административен работник

Скопје

Application deadline:

  • АРТ ПРИНТ СТУДИО ДООЕЛ Скопје
 
 


Арт Принт Студио ДООЕЛ Заштитна, има потреба да вработи: 

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК ЗА ПРЕСМЕТКА НА ЦЕНИ И КОМУНИКАЦИЈА СО КЛИЕНТИ
 

Опис на работата и работните задачи: 

  • Арт Принт Студио има потреба од ПРОДАЖЕН МЕНАЏЕР, пресметувач на цени, Искусно лице... 
     

Компаниската култура на АРТ ПРИНТ СТУДИО се темели на: 

  • Мотивациски став спрема вработените. 
  • Проактивен пристап кон секој предизвик и меѓусебна соработка. 
  • Почит и вреднување на секој вработен и соработник. 
  • Градење на отворена и искрена комуникација со секој член од тимот. 
  • Прифаќање на промените и охрабрување на развој на нови идеи. 
  • Поттикнување и поддршка на индивидуалниот раст и развој, преку постојано инвестирање во обуки. 
     

За таа цел потребно е лицето да поседува: 

  • Особен интерес во продажниот сектор 
  • Лична и професионална ефективност 
  • Прецизност и ажурност во работатата 
  • Отклонување на несакани грешки во текот работата 
  • Подготвеност за работа во тим 
  • Подготвеност да ја прифати фирмата како своја и фирмата Вас да се вреднува 
  • Комуникативни вештини 
  • Активно познавање на Microsoft office пакетот 
  • Познавање на англиски јазик 
  • Поседување на возачка дозвола од Б Категорија 
  • Подготвеност за работење на терен и патување во одреден реон 
  • Одлични комуникациски, презентациски и аналитички способности; 
  • Обука за работење на ЕРП Софтвер 
  • Претходно работно искуство од мин. 1 година во овој сегмент – (предност лицата кои веќе работеле во печатници и знаат да изработуваат цени, доколку не сте од овој сегмент времето на обука за запознавање на целосната програма и изработката на цените кои ќе трае максимум 20дена) 
     

Лицето ќе ги има следнива задачи: 

  • Компанијата сама генерира клиенти но и Вие ќе имате обврска да барате клиенти (во договор со менаџментот) комуникација со нови и стекнати клиенти на компанијата. 
  • Пресметка на цени за клиенти за тендери за веб страна 
  • Комуницирање преку e-mail како и преку социјални мрежи, теренска комуникација со клиенти 
  • Предлагање и следење на продажни механизми и политики 
  • Пратење и развој на пазарот и известувања, следење конкуренција во регионот 
  • Контролор на процеси 
  • Организирање и координација на предпродажни и продажни активности 
  • Изработка на план за развој на пазарот и одржување на контакти со веќе постоечки клиенти (листа на компании по дејности, закажување состаноци и нудење производи 
  • Преговарање, договарање и склучување на договори и продажби со клиенти 
  • Анализа на потребите и потенцијалите на пазарот и превземање соодветни активности на терен. 
  • Апликација на нови продукти и технологии на пазарот (според барањата на клиентите учество во создавање нови продукти, Иновативност кон пазарот со продукти) 
  • Придржување и исполнување на зададените цели, согласно стратегијата на компанијата 
  • Административна подршка на Арт Принт – ќе биде договорена во текот на работењето 
  • Конкретно дел од времето ќе работи во фирма на изработување цени, ценовна политика, продуктна политика, координација со колегите за производството и комуникација со клиенти (за тоа во процес е инстралирање на ЕРП Софвер) – ова е дел кој ќе се моделира во текот на работењето 
  • Има две опции за лице кое сака да биде целосно во канцеларија да се слуша со клиенти, да нуди продукти и да изработува цени или да биде целосно теренски продажен менаџер. 
     

АРТ ПРИНТ ВИ НУДИ: 

  • Фиксна плата и пријавување на платата која сме Ве пријавиле, Бонуси за остварени продажби. 
  • Посетување обука за продажба 
  • Веб Сервис за лесна комуникација и преглед на цени, слики, видеа и технички карактеристики 
  • Арт Принт Студио сериозно е и ќе биде во процес на рекламирање. 

 

Арт Принт има идеа со БОЖЈА помош да обезбеди високи плати во Македонија. 

Вашето CV пратете го преку полето Брза Апликација со задолжителна назнака – Канцеларискa продажба или Теренска продажба. 

АРТ ПРИНТ СТУДИО ДООЕЛ ЗАШТИТНА е компанија со социјален карактер, вработува лица со Хендикеп. 

Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more