Офицер за корпоративна усогласеност
Скопје
Application deadline:
- ЕОЅ Матрих
Офицер за корпоративна усогласеност
бул. Илинден бр. 109 локал 6
EOS Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОS групацијата - водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.
Опис на работни задачи
- Подготовка на интерни акти со кои се уредува работењето на ниво на Компанијата
- Одржување на усогласеност на работењето на
- Компанијата согласно интерните акти, законската регулатива и групациските политики (EOS и OTTO Group)
- Спроведување на контроли согласно политиките на
- Компанијата и известување
- Одржување на усогласеност со регулативата која се однесува на Закон за заштита на лични податоци (GDPR)
- Одржување на усогласеност со регулативата која се однесува на Закон за здравје и безбедност при работа
- Подготовка и организирање на обуки за вработените
- Спроведување на контроли заради следење на мерки за третман на ризиците на Компанијата
- Одржување на усогласеност со стандардите ISO 20000/27001/27701 и спроведување на контроли по истите
- Подготовка пред ревизии
- Одржување на усогласеност со регулативата за спречување на перење пари и финансирање тероризам
- Кореспонденција, соработка и известување со Corporate Compliance тимот од матичната компанија
Потребни квалификации
- Завршено високо образование – Правен факултет,
- Положен правосуден испит ќе се смета за предност,
- Работно искуство во област на усогласеност и корпоративно право најмалку 2 години
- Искуство во проектен менаџмент
- Познавања од апликативната легислатива, стандарди, политики и процедури за релевантните области;
- Познавање на регулатива за заштита на лични податоци / GDPR регулатива,
- Познавање на регулативата за спречување на перење пари и финансирање тероризам
- Познавање на стандарди ISO 20000 /27001/27701
- Познавање на англиски јазик на ниво на бизнис комуникација
- Познавање на MS Office 365,
- Поседува силни меѓучовечки и комуникациски способности и вештини;
- Самоиницијативност, проактивност и креативност;
Работни денови: од понеделник – петок
Работни часови неделно: 40
Работно време: од 08 – 16 часот
Успешни заедно
Ве повикуваме да аплицирате преку Брзата Апликација со доставувањe на Ваша биографиjа* најдоцна до 15.12.2024 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.
Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – нeзависно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.
Бенефиции
- Компетитивна плата и бенефиции
- Работа во интернационална компанија
- Можности за хоризонтален и вертикален развој
- IT опрема
- Тим билдинг активности
- Обуки и план за професионален развој
Контакт податоци
jobs@eos-matrix.mk
+389 2 3200 400
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!