Раководител на сметководство
Скопје
Application deadline:
- ЕУРО ТАБАК ДОО
Еуро Табак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи
ЕУРО ТАБАК ИМА ПОТРЕБА ОД РАКОВОДИТЕЛ НА СМЕТКОВОДСТВО
Локација: Скопје
Оддел: Сметководство
Рок за пријавување: 02.01.2025
Позиција: 1
Оддел: Сметководство
Рок за пријавување: 02.01.2025
Позиција: 1
Цел на работното место:
Гарантира ефикасна организација и управување на Одделението Сметководство, организира и спроведува ефикасна книговодствена поддршка за управувањето со финансиите на компанијата, гарантира редовно книжење и ажурирање на податоците во материјалната книговодствена евиденција.
Работни задачи:
- Спроведува ефикасно управување и надзор на сите книговодствени процеси и операции во одделението во согласност со законските прописи, меѓународните сметководствени стандарди и компаниските процедури и воспоставува соодветни интерни контроли.
- Подготвува и координира книжење во главната книга и сложување на сите книговодствени конта.
- Ги анализира месечно состојбите, идентификува варијанси и врши прилагодувања во главна книга.
- Учествува во процеси на креирање на буџети на организациските единици и при подготовка на бизнис планот на компанијата.
- Врши контрола на ставките во бруто биланс по контен план.
- Врши контрола на сите рачно контирани документи во сметководство.
Даноци и ревизии:
- Обезбедува пресметка на даноци, царини, јавни давачки, такси и акцизи.
- Учествува во подготовка и достава на финансиски извештаи кон надворешни надлежни институции
- Гарантира ефикасно и точно книжење и евидентирање на даночните обврски на компанијата во согласност со закон со цел да овозможи нивно соодветно плаќање.
- Учествува во ревизии, вклучувајќи и годишни надворешни ревизии, и соработува со претставници на даночни контроли од надлежни институции согласно закон
Извештаи и прегледи:
- Подготвува интерни и екстерни извештаи, ревидира и ажурира извештаи според потребите.
- Учествува во подготовка завршна сметка.
- Изготвува месечни прегледи на даноци, ажурира и подготвува пријави за ДДВ
Книжење:
- Ги координира активностите за воведување и ажурирање на конта и книжење според контен план.
- Гарантира спроведување на точни и редовни книжења на дневна основа.
- Ги затвора месечните сметки и пресметката.
Водење на главна книга:
- Самостојно го води книговодството на компанијата согласно законските прописи и интерните процедури согласно МСС и МСФИ.
- Контролира влезни и излезни фактури, денарски и девизни изводи и други документи за да ја евидентира состојбата во главната книга.
- Врши пресметка на ДДВ обврски, подготвува ДДВ пријави и книжи ДДВ.
- Врши сложување и анализа на бруто биланс.
- Учествува во изготвување завршна сметка и врши консолидирање на билансите.
- Соработува со коминтенти, надлежни институции и банки за потребите на својата работа.
Услови за работа:
- Редовна месечна плата;
- Полно работно време- 40 часа;
- Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено;
- Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
- Приватно здравствено осигурување;
- Континуирани обуки и стручно доусовршување;
- Исплата на минат труд.
Потребни квалификации:
- Високо обраозвание (Економска насока);
- Најмалку 5 години искуство, од кои 3 години на раководна позиција;
- Уверение за овластен сметководител
- Комуникациски вештини;
- Познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на Microsoft 365;
- Искуство со работа во IRP.
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на Еуро Табак.
Краен рок за аплицирање: до 02.01.2025
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Sales amounts to 22.310 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!