Ние сме првиот и најдобар телекомуникациски оператор во Македонија, и веќе 23 години сме горд член на Групацијата Дојче Телеком. Нашата мисија е сите наши корисници да добијат исклучителни услуги и грижа, па поради тоа постојано инвестираме во најнови технологии и најиновативни продукти, услуги и процеси со кои ги задоволуваме и најпребирливите барања и потреби на нашите корисници.
Нашите вработени се нашето најголемо богатство, а ние им обезбедуваме можности да го развијат својот потенцијал и да дадат свој придонес со своите силни страни и идеи, да бидат креативни, да работат со голема автономија, фокусирани на резултатите и корисниците, но и да се забавуваат додека сме на работното место.
Приклучете ни се и заедно ќе работиме на проекти преку кои оставаме белег во општеството, вложувајќи во професионалниот и личниот развој, кој е неминовен. Ајде заедно да го создаваме дигиталниот свет од иднината.
Теренски Техничар - Скопје
Македонски Телеком го проширува својот тим со Теренски техничар кој ќе врши инсталација на нови услуги и напредни Wi-Fi решенија како и решавање на технички проблеми кај нашите корисници. Техничарот исто така ќе нуди и остварува продажба на услугите на Македонски Телеком на сите наши и потенцијални корисници.
Доколку имаш искуство со монтажа и инсталација на телекомуникациски услуги, работа на височина, желба за учење и динамична работа на терен, те очекуваме!
Што очекуваме:
- Комуникативен и тимски играч
- Ориентиран кон исполнување на зададени резултати
- Подготвен за работа со корисници
- Способен да се справува со конфликтни ситуации
- Услужлив и позитивен
Квалификации
- Средно образование;
- Возачка дозвола- Б-категорија
- Монтажерски и инсталациски компетенции на телекомуникациски кабли (бакар и оптика) и кабли LAN;
- Работа со компјутери (MS Office) и работа со апликации за оперативно работење
Што нудиме:
- Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
- Компетитвен пакет на надоместоци (основна плата и бонус)
- Можност за континуирано професионално усовршување и развој
- Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
- Останати бенефиции како вработен во МК
Работно време:
- Понеделник до сабота (работа во смени).
Како да аплицирате:
Вашето CV испратете го електронски на апликацијата на следниот линк http://www.telekom.mk/tekovni-oglasi.nspx или на адреса на Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за вработување на Теренски Техничар – Скопје.
Контакт информации тел. 02/3 242-694
Огласот ќе биде отворен од 03.12.2024 до 11.12.2024.
Забелешка:
Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.
Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.