Офицер за корпоративно правни работи
Скопје
Application deadline:
- ЕОЅ Матрих
Офицер за корпоративно правни работи
бул. Илинден бр. 109 локал 6
ЕОЅ Матрих Македонија е компанија која е дел од ЕОЅ групацијата – водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања, контрола и наплата на побарувања, како и активности за меѓународна наплата на побарувања. Нудиме одлична работна атмосфера во интернационална компанија, иновативно опкружување и можност за професионален и личен развој.
Опис на работни задачи
- Изготвување на корпорациски акти (одлуки, дописи и слични документи)
- Уредување на Contract Management System
- Изготвување на договори и нивно проследување за процес на одобрување
- Поддршка во донесување одлуки кои имаат правни импликации
- Организација и документирање на состаноци
- Управување со правата на интелектуална сопственост и авторски права
- Следење на регулативата која се однесува на Закон за здравје и безбедност при работа
- Следење, обработка и ажурирање на сите интерни акти согласно локалната законска регулатива, како и EOS и OTTO
- Group Guidelines на Корпорациско ниво, кои се однесуваат на Компаниското работењe
- Поддршка при одржување усогласеност со Закон за заштита на лични податоци, и имплементираните ISO стандарди
- Комуникација со соодветните оддели на групациско ниво, надворешни правни советници, адвокатски канцеларии
Потребни квалификации
- Завршено високо образование – Правен факултет
- Положен правосуден испит ќе се смета за предност
- Одлично познавање на англиски јазик
- Познавања од област на корпоративно работење
- Познавања од област на заштита на лични податоци (GDPR)
- Познавање од област на спречување на перење на пари и финансирање тероризам
- Познавање од ИСО стандарди: ISO 20000 ISO 27001 и 27701
- Познавање и активно користење на пакет MS Office 365
- Енергичност и проактивност и самоиницијативност
- Одлични интерперсонални и комуникациски вештини и тимски дух
- Одлични организациски и вештини за управување со време
- Способност за ефикасно приоритизирање на задачи
- Способност за ефикасно презентирање на информации и одлична бизнис коресподенција
- Способност за интерпретација на инструкции моделирани во пишана, орална форма и/или форма на дијаграм и распоред
Работни денови: од понеделник – петок
Работни часови неделно: 40
Работно време: од 08 – 16 часот
Успешни заедно
Ве повикуваме да аплицирате преку Брзата Апликација со доставувањe на Ваша биографиjа* најдоцна до 15.12.2024 година. Сите пристигнати информации се третираат како строго доверливи.
Ние во ЕОS Матрих Македонија ги валоризираме сите луѓе подеднакво – нeзависно од нивниот пол, националност, етничка припадност, религија, вид на попреченост или политичка ориентација. Би сакале да ги охрабриме сите кандидати да аплицираат за позицијата.
Бенефиции
- Компетитивна плата и бенефиции
- Работа во интернационална компанија
- Можности за хоризонтален и вертикален развој
- IT опрема
- Тим билдинг активности
- Обуки и план за професионален развој
Контакт податоци
jobs@eos-matrix.mk
+389 2 3200 400
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category
Administration amounts to 20.922 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!