ЗЕГИН ФАРМ е првата приватна компанија во Република Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.
Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција:
ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА ФАРМАКОВИГИЛАНЦА
Потребни квалификации:
Високо образование од областа на медицината или фармацијата
Со искуство во областа на фармаковигиланца
Завршена обука или специјализација за фармаковигиланца ќе се смета за предност
Организираност, одговорност и ефикасност
Одлично познавање на англиски јазик
Одлично познавање на Windows и MS Office пакетот
Што нудиме:
Стимулативна плата и бенефиции
За најдобрите вработени – наградно патување
Исплата на сите додатоци на плата
Најмалку 20 дена годишен одмор и регрес за годишен одмор
Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и континуирани обуки
Настани и активности за добросостојба на вработените (Employees wellbeing)
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување и поседувате професионални компетенции за успешно работење во областа наведена погоре, Ве покануваме да аплицирате преку полето ПРИЈАВИ СЕ со прикачување на Вашата биографија на македонски јазик.
COMPARE YOUR SALARY
Average salary in category Warehousing and Logistics amounts to 25.063 MKD.
Find the salary for the desired position according to your qualifications!