Office People е меѓународна компанија за регрутација која нуди услуги и решенија во одделот за човечки ресурси. Како дел од нашето меѓународно проширување во Македонија сме присутни од 2023 година. Нашата мисија е едноставна: Ние ги поврзуваме луѓето со можности и им помагаме да ја најдат нивната идеална работа!
За нашиот клиент, вршиме регрутација за повеќе позиции на различни нивоа:
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР
- 1. Проектирање на електро ормари
- Дизајнирање електрични шеми (детални шематски дијаграми) со користење на специјализиран софтвер како AutoCAD Electrical, EPLAN или други.
- Одбирање на соодветни електрични и електронски компоненти (прекинувачи, релеа, PLC-и, терминали, осигурувачи итн.) во зависност од специфичните барања на клиентот.
- Подготвување на техничка документација за клиентот, вклучувајќи список на материјали (BOM), инструкции за монтажа и ракување.
- 2. Симулација и тестирање
- Симулирање на дизајнираните шеми за проверка на нивната функционалност и безбедност.
- Осигурување дека дизајнот ги исполнува релевантните електротехнички стандарди и регулативи (IEC, EN, и сл.).
- 3. Асемблирање на ормари
- Поставување и инсталирање на електрични компоненти во ормарите, според проектната документација.
- Поврзуваат на сите компоненти со каблирање, осигурувајќи прецизност и уредност.
- Изведување на функционални тестови за да се осигурање дека ормарите работат правилно.
- 4. Одржување и поддршка
- Редовно проверување на инсталираните ормари и ажурирање ако е потребно.
- Помагање при решавање проблеми и интервенција доколку има дефекти на терен.
- 5. Комуникација со клиенти и тимови
- Комуникација со клиенти за спецификациите на ормарите и прилагодување на решенија според нивните потреби.
- Соработка со други оддели како механички инженери, програмери и производствени тимови за интеграција на ормарите во целосниот систем.
- 6. Континуирано усовршување
- Следење на нови технологии и трендови во електроинженерството.
- Надградување на знаењето за софтверски алатки и индустриски стандарди.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Соодветна стручна квалификација
- Минимум 2 години работно искуство на слични позиции
- Познавање на работа со AutoCAD
- Добри комуникациски вештини
- Подготвеност за теренски патувања
- Одлично познавање на англиски
- Мотивираност и желба за учење
- Висока внимателност кон детали и способност за мултитаскинг
- Возачка дозвола Б категорија
КОМПАНИЈАТА НУДИ:
- Животно осигурување
- Солидна плата според искуството и знаењето на кандидатот
- Платен превоз
- Целосно покриени трошоци за теренска работа
- Можност за напредок и надоградба
Како да аплицирате:
- Аплицирајте преку брза апликација
- Аплицирајте со испраќање на вашето CV на sara.zlatanovska@office-people.rs
- Аплицирајте со јавување на 071 954 301