Vrabotuvanje.com - Хигиеничарка - Скопје - ФЕНИКС Фарма
Share
Tweet
Share
Send to friend

Хигиеничарка

Скопје

Application deadline:

  • ФЕНИКС Фарма

ФЕНИКС ФАРМА ДООЕЛ Скопје е водечка веледрогерија на локалниот пазар и е член на германската групација PHOENIX, која е присутна во 29 земји ширум Европа. Водејќи се од нашата визија да бидеме најдобриот интегриран давател на здравствени услуги, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на снабдување во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место:
 
 
Хигиеничарка
 

Обврски и одговорности:
  • Одржување хигиена во административниот простор
  • Одржување хигиена во магацинскиот простор
  • Грижа за набавка на средства за одржување на хигиената
 
Потребни квалификации:
  • Завршено средно образование
 
Потребни способности и вештини:
  • Одговорност, педантност
 
Работното време е од 6:00 до 14:00 часот. Локацијата на компанијата е во индустриска зона Визбегово.Препорачливо е кандидатот да живее во близина на реон Визбегово.
 
Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратете ја својата пријава преку полето Брза Апликација.
 
Рок на пријавување 7 дена од датумот на објавување на огласот.
 
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи. 
 
Пристигантите апликации ќе се чуваат во нашата база на податоци 2 години по истекување на огласот. 
 
Согласноста за чување на апликациите може да се повлече и пред истекот на наведениот рок на следната е-маил адреса: personal@phoenixpharma.com.mk

 
Fast apply
Send to friend Print

COMPARE YOUR SALARY

Average salary in category
Healthcare and Social Work amounts to 23.752 MKD.

Find the salary for the desired position according to your qualifications!

Go

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more